Храна која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тен

Покрај дневната доза сончање, додајте ги и следниве неколку намирници во исхраната со цел да го добиете совршениот тен за брзо време. Состојките на овие продукти ќе ви помогне вашата кожа да изгледа прекрасно, но и здраво да потемни.

Храна која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тен

Витамин А

Морковите се првите на оваа листа, кои содржат и до 1.200 милиграми витамин А. Тој го зголемува производството на меланин и помага при потемнување на кожата.

Бета каротин

Цикоријата е веднаш зад морковите, а зад неа се дињата, целерот, патлиџанот, лубеницата, кајсиите, јагодите и вишните. Сите овие намирници се богати со бета каротин, кој има ист ефект како антиоксидансите и ѝ помага на вашата кожа побрзо да произведува меланин.

Селен и витамин Е

Селенот и витаминот Е ја штитат вашата кожа од брчки. Тие се најзастапени во јајцата, пченката, патлиџаните, авокадото и белото сирење.

Омега 3

Рибите, бадемите и лешниците содржат огромни количини омега 3 масни киселини кои се клучни при превенција на стареење на кожата.

Витамин ПП

Црвеното месо, школките, сината риба и црниот дроб помагаат при лечење на изгорениците од сонце бидејќи содржат витамин ПП, додека пак житарките ѝ помагаат на вашата кожа да се заштити од голем број надворешни влијанија.

Избегнувајте цитруси

Сите оние овошја кои содржат витамин Ц треба да се избегнуваат бидејќи тие ја прават кожата поподложна на изгореници. Избегнувајте ја и храната која содржи многу сол бидејќи таа создава задржување на водата во организмот.

Предлог мени за летните денови:

  • Комбинација од овошје и јогурт за појадок
  • Ориз со шафран и тиква (80 грама) во комбинација со печена пиперка зачинета со маслиново масло за ручек
  • Кој било вид сина риба (200 грама) со авокадо и патлиџан за вечера во комбинација со кајсии како десерт.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар