Што ни открива изборот на тетоважа за карактерот на мажите?

Што ни открива изборот на тетоважа за карактерот на мажите?

Изборот на тетоважата открива многу повеќе отколку што би помислиле. Експертот за невербална комуникација, Џуди Џејмс, ни објаснува што кажуваат најчестите тетоважи за неговата личност…

Што ни открива изборот на тетоважа за карактерот на мажите?

Тетоважа од бившата љубов

Доколку на кожата има тетоважа од нејзиното име, тогаш станува збор за маж кој лесно се заљубува и кој не е способен да учи од своите грешки. Тој е голем оптимист и верува дека секоја жена со која ќе започне врска е онаа вистинската за него.

Мистичен симбол

Мажот кој на своето тело има мистичен симбол, всушност тежнее за внимание, се смета за личност која не е површна и омилена фраза му е: „Јас сум несфатен“. Мистериозните симболи најчесто се знак дека тој сака да биде сериозно сфатен.

Традиционална и мала тетоважа

Фраерите кои имаат традиционална и мала тетоважа се способни да ве изненадат во кревет. За нив важи верувањето дека го добивате токму она кое го гледате. Овие личности најчесто се многу лојални и верни.

Забавни и будалести тетоважи

Будалестите тетоважи воопшто не треба да ве загрижуваат. Тие можат да бидат знак дека мажот прилично одговорно го сфаќа животот, но и дека е способен да ја изненади партнерката со необична смисла за хумор.

Име на своето дете

Оваа тетоважа укажува на чувствителен маж, кои сака емотивно да се врзе и кој сериозно ја сфаќа љубовната врска.

Позната ѕвезда

Често мажите се идентификуваат со одредени супер херои, па токму затоа ставаат тетоважи на познати личности, реални или цртани. Тоа ни говори дека станува збор за личност која во врската ќе се однесува детинесто, но и многу егоистично.

Смешна тетоважа

Смешната тетоважа е на исто ниво како и носењето забавна кравата. Мажите кои на својата кожа имаат ваква слика сакаат да ја покажат својата смисла за хумор (дури и ако ја немаат). Овие личности често се одлични за партнери.

Тетоважа со животно

Ако на себе има цртеж од одредено животно, тој сака да каже дека е силен и моќен. Неговата намера е во сексот да биде страстен и токму затоа е подготвен во секој момент да го покаже тоа.

Трофеј од клуб

Тој е лојален, но и малку старомоден. Оваа личност секогаш ќе биде тука за оние пријатели кои имаат најмногу потреба од него, па токму затоа и често има висока позиција на социјалната скала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар