Феноменот на духовна привлечност

Оваа привлечност многу често се меша со романтичната и сексуалната привлечност, но во исто време ви е јасно дека станува збор за нешто подлабоко. Како нешто да ве поттикнува да се поврзете со другата личност, чувствувате поврзаност на многу длабоко, потајно ниво и не можете да објасните што се случува. Па, кои околности ја предизвикуваат оваа привлечност?

Феноменот на духовна привлечност

Духовен договор

Кога препознавате некој, односно кога се чувствувате дека го знаете многу одамна, причината е што вашите души имале некаков однос во минатите животи. Ако ја прифатите мислата дека душата живее неколку животи, можно е да имате некаков договор со таа личност дека заедно ќе работите на вашиот духовен развој во овој живот. Најверојатно имате стотици такви договори. Некои од овие души ќе ги сретнете, а некои не. Кога ќе ги сретнете ќе се чувствувате како да сте закажале состанок, повторна духовна средба која не можете со сигурност да ја препознаете, но чувствувате дека тоа е нешто големо, нешто што се случува на подлабоко ниво.

Дека секој има сродна душа и треба да ја пронајде е вистина, но тоа не се однесува само на љубовниот однос и не секогаш станува збор за една сродна душа. Дури и да станува збор за љубовен однос, духовниот договор не мора да се однесува за целиот ваш љубовен живот. Понекогаш средбите со тие сродни души ќе траат кратко, но не се без причина. Овие средби ќе ви користат за вашиот духовен напредок. Често овие односи може да се градат со пријателите и колегите, но целта им е заедничка – ги сретнувате овие души бидејќи со нив сте направиле договор.

Духовна наклонетост

Можно е да почувствувате поврзаност и со некој без да ја почувствувате изразената духовна привлечност. Ќе се чувствувате како да припаѓате на некоја иста невидлива заедница. Во овој случај станува збор за души кои не сте ги сретнале и со кои немате договор, но души кон кои чувствувате наклонетост. Ова се личности со кои сте енергетски поврзани, со нив го делите чувството на припадност и тие имаат влијание на обликувањето на вашата душа.

Ова чувство на наклонетост е слично како кога ќе сретнете некој од вашиот град или некој со исто работно место како вашето. Ова чувство ве радува, па средбата може да биде навистина интензивна.

Слични вибрации

Можете да почувствувате привлечност и кон луѓето со слична енергетска вибрација. Често ве привлекуваат луѓе кои зрачат нешто, а луѓето кои имаат слична енергетска вибрација како вашата прават да се чувствувате удобно. Можеби не ги гледате како сродни души, но сакате да бидете во нивно друштво. Всушност, можно е да запознаете личност со енергија каква што вие сакате да имате и ве привлекува токму поради тоа. Во нивно присуство можете да се прилагодите на нивната енергија, а со тоа ќе созревате и ќе се менувате, па ќе ги промените и вашите вибрации.

Духовни дарови

Свесно или несвесно, сите настојуваат да ги истакнат своите духовни дарови. Ако ги изразувате сами, без присуство на други, нема да доживеете некој значаен напредок во духовниот развој. Поради ова, потребна е интеракција со другите. Некои луѓе ќе ви помогнат целосно да се изразите, па поради ова ќе ве привлекуваат повеќе. Добар пример за ова се исцелителите кои ги привлекуваат личностите со какви било проблеми, или учителите кои привлекуваат луѓе кои се подготвени за ново знаење. Кога чувствувате дека имате да му дадете нешто на светот, ги привлекувате луѓето на кои им е потребен вашиот дар.

Тивка духовна привлечност

Речиси секој сретнал личност која не го привлекувала на почетокот, но нешто се променило. Подоцна не сте можеле без таа личност, а не ви е јасно зошто. Сепак, и овие личности се во вашиот живот со причина. Тие се вашите духовни водичи. Ве привлекувале полека и стрпливо. Секому му е потребна насока и поддршка во животот, а оваа помош доаѓа во разни облици, понекогаш и во форма на човек.

Дали поврзаноста секогаш е обострана?

Не секогаш. Понекогаш во луѓето го препознавате она што сте го сакале кај некој друг. Ве преплавуваат чудни чувства кога запознавате некој што ве потсетува на личност од која сте физички разделени, па често може да не ви е јасно за што станува збор. Ако ова чувство не е обострано, најверојатно причината е тоа што само сте се потсетиле на некоја драга личност. Сепак, и ова чувство е потребно. Потсетувањето на чувствата на поврзаност и љубов се важни бидејќи ќе ги пренесете и во духовната сфера на другите животи.

Живеење со отворена душа

Повеќето луѓе ја искусиле оваа неопислива духовна привлечност. Но, постојат и многу луѓе кои не се ни свесни за нематеријалната страна на животот. Најчесто причината е бидејќи немаат време да се одвојат од материјалните вредности – профитот и статусот во општеството. Ова не значи дека во нив не постои душа на која ѝ е потребна средба со друга душа.

Сигурно сте слушнале дека сличностите се привлекуваат. Но, не треба да се ограничите само на тоа, туку токму на спротивното. Потребно е да барате луѓе кои се различни од вас бидејќи никогаш не знаете што има да ви понуди нивната душа.

Исто така важно е да ја отворите вашата душа. Како што созревате ќе научите да се сакате себеси, ќе научите да ги сакате сите други и ќе ја барате љубовта во сите форми. Ако им пристапувате на луѓето кои се целосно различни од вас со љубов, на овој начин ја „отворате“ вашата душа и вратата кон нивната.

Животните приказни и личните искуства ве учат дека со некои луѓе не ви било судено. Но, секогаш сте ги привлекувале луѓето со причина и сите тие имале по некоја лекција за вас. Некои души ќе се појават сами, некои ќе ги чекате долго, а некои треба самите да ги побарате. Во секој случај, најдобро е да мислите дека никогаш не може да знаете што се крие кај другите. Затоа отворете ја вашата душа и верувајте му на вашиот инстинкт. Тој е овде со причина.

Погледнете и кои се разликите помеѓу сродна душа и животен партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар