5 причини зошто во секој оброк да додадете малку куркума

Благодарение на куркуминот, куркумата уште одамна се користи во борбата против инфекции, настинки, бронхит, астма и за лекување рани.

5 причини зошто во секој оброк да додадете малку куркума

Во источната култура овој зачин се користи за намалување на болките за време на менструалниот циклус. Куркумата го подобрува варењето и ги согорува мастите. Истражувањата покажале дека таа значително ги намалува болките и од воспалителните болести, го намалува ризикот од рак и го спречува растењето на веќе настанатиот тумор.

За да ги почувствувате бројните здравствени придобивки доволно е да консумирате половина или една лажичка куркума дневно. Оваа количина е доволна за цел оброк. Можете да додадете и еден прстофат во чај или смути.

Внимание: Бремените жени и доилките, како и луѓето кои страдаат од камења во жолчката и дијабетес треба да се консултираат со лекар пред да почнат со употреба на зачинот.

Погледнете ги 5-те причини зошто треба да ја вметнете куркумата во секојдневната исхрана.

1. Здравје на срцето

Куркумата ги штити крвните садови и срцето од создавање талог, помага во регулирање на лошиот холестерол и е одличен антиоксиданс.

2. Здравје на цревата

Овој зачин на природен начин ја обновува црвената флора. Куркумата е еден од најсилните природни антибиотици и не ги уништува добрите бактерии во стомакот, туку го поттикнува нивниот развој.

3. Помош за луѓето со артритис

Поради состојката куркумин која има силно антивоспалително дејство, куркумата им се препорачува на луѓето со хронични болки во коските и на оние со артритис.

4. Го одржува здравјето на забите

Куркумата ги намалува воспаленијата на непцето, го отстранува непријатниот здив, го спречува размножувањето на бактерии во устата и помага со многу други болести во усната празнина.

5. Одличен извор на железо

Куркумата е одличен извор на железо, манган, витамин Б6, калиум и влакна. Со само 2 лажички од зачинот ќе задоволите дури 10% од препорачана дневна доза за железо.

Погледнете кој зачин ќе ви помогне да ги стопите несаканите килограми.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар