Еве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!

Еве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!

Сигурно ја знаете поговорката: Ако животот ви даде лимон – направете лимонада. Но, ние ви предлагаме: Ако животот ви даде семки од лимон, засадете го и ќе добиете еден куп свежи лимони.

Еве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!

Општо мислење е дека лимоновите дрвја успеваат само на места со топла и сончева клима. Но, вистината е дека тие може да растат и во затворени и во добро климатизирани простории.

За да го добиете вистинско овошје ќе ви требаат 3 до 6 години – но вреди!

Како да засадите лимон:

  1. Набавете органски лимон (можеби е скап, но ќе ви требаат само неколку семки),
  2. Извадете го семето од него,
  3. Подгответе мешавина од почва за идното лимоново дрво (агрумите најдобро се одгледуваат во мешавина од тресет, перлит, вермикулит и органско ѓубриво). На почвата мора да ѝ се овозможи пропустливоста на вода.
  4. Изберете керамички цреп со дијаметар од 20 см. Може, исто така, да употребите пластичен сад, како и оној од дрво. За почетниците, многу е важно да го засадат семето од лимон во помал сад додека не порасне.
  5. Потребни се 10 до 14 часа светлина за семките да про’ртат, па изложете го садот на вештачка светлина во отсуство на природна светлина, како при инкубација на јајца.
  6. Наводнувајте го семето секој ден. Најдобро е да се користи млака вода и почвата постојано да биде влажна.

Постапка за засадување

Еве како да засадите и одгледувате лимоново дрво: Тоа ќе почне да раѓа каде и да живеете!

Сега кога имате сè, започнете со садење:

  1. Направете чај од камилица, па оставете да се излади. Исечете го лимонот и извадете го семето од него. Ставете ги неоштетените семки од лимон во млакиот чај од камилица.
  2. Пополнете го садот до половина со земја и добро наводнете го додека почвата не се изедначи рамномерно. Потоа пополнете го садот скоро до врвот.
  3. Наредете ги семето рамномерно низ садот со почвата, покријте ги со нов слој земја (на длабочина од околу 3 сантиметри), а потоа повторно наводнете ја почвата.
  4. Покријте го садот со пластична обвивка и оставете го на топло место. Бидете сигурни дека почвата е топла и влажна со цел семето да про’рти. По 2 недели, лимонот ќе никне.

Кога лимоновото дрво не порасне малку, мора да го прехранувате со ѓубриво. Ставајте му ѓубриво двапати годишно.

Почвата околу лимон не смее да биде сува, но исто така, никогаш не треба да биде со многу вода. Ако нема природна светлина, дрвото ставете го покрај вештачка светлина.

И уште една важна работа: лимонот обожува кога разговарате со него, затоа зборувајте му и пејте му.

Ако го направите сето ова како што е објаснето, ќе уживате во прекрасните плодови од вложениот труд.

Можеби сакате да ги прочитате и 6-те причини зошто треба почесто да користите лимон во исхраната.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар