Есенски трендови кои одговараат на секоја градба на телото

Без разлика дали сте слаба или пак девојка со облини, сигурни сме дека понекогаш имате проблем со пронаоѓањето на совршени дневни парчиња за вашата градба, особено во есенскиот период. Затоа денес решивме да им помогнеме на сите девојки, без оглед на нивната градба, и да им ги претставиме водечките трендови за оваа есен кои одговараат на сечија градба.

1-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

1. Блузи со бочни изрези

Без разлика дали ќе се одлучите за кратка или за долга варијанта, блузите со бочни изрези се нешто без кое не можете да ја замислите оваа есен. Доколку имате ситна градба, изберете ги пократките модели на овие блузи, а доколку сте покрупни, за вас најдобра варијанта се подолгите блузи, кои на вистински начин ќе го истакнат вашето тело и ќе ги сокријат сите недостатоци.

4-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 2-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 3-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

2. Шик мал црн фустан

Дневното парче со кое ниту една девојка не може да згреши е малиот црн фустан, не само затоа што станува збор за парче кое никогаш нема да излезе од мода, туку и поради тоа што одговара на сечија фигура. Пронајдете го оној модел кој одговара на вашата градба и заблескајте во полно светло.

5-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 6-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 7-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

3. Комбинации или комбинезон со принт

Во прашање се многу функционални, а сепак многу стилски дневни комбинации кои одговараат на секоја градба. Сè што треба да направите е да го одберете омилениот принт и една од овие две варијанти.

8-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_9-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 10-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

4. Тексас јакни

После малиот црн фустан, на ред дојде уште едно парче кое е безвремено, а кое може да го носат сите жени, без исклучоци. Денес на модната сцена може да се најдат многу различни тексас јакни, па секоја жена може да ја избере соодветната за себе.

12-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_13-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ - Copy 11-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

5. Ѕвонарки

Од сите модели на фармерки, ѕвонарките претставуваат модел кој одговара на сите градби и можат да ги носат сите жени, без разлика дали се полни или слаби. Овој модел на фармерки е водечки тренд за оваа есен, па не пропуштајте да ги набавите во една кежул, работна или вечерна варијанта.

14-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_.15-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 16-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

6. Миди здолниште во силни бои

Обојте ја оваа есенска сезона во миди здолништа со силни бои, модел кој одговара на сите градби. Без разлика дали сте слаби или девојки со облини, овие здолништа на вистински начин ќе го истакнат вашиот струк, а воедно, доколку ги има, ќе ги прекријат сите ваши недостатоци.

17-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_18-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_19-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Ова се летни, а не есенски!

Остави коментар