Животот не е фер, но сепак е убав: 45 животни лекции кои ќе допрат до вашето срце

Реџина Брет ги запишала своите мисли за животот ноќта пред 45-тиот роденден, веднаш штом ѝ било дијагностицирано рак на дојка. Таа денес има 59 години, а овие универзални лекции можат да ви послужат како мал потсетник за сите оние нешта кои се важни во животот…

Животот не е фер, но сепак е убав: 45 животни лекции кои ќе допрат до вашето срце

1. Животот не е фер, но сепак е убав.

2. Кога сте во дилема, направете мал чекор.

3. Животот е премногу краток за да губите време во омраза кон другите.

4. Не се доживувајте себеси толку сериозно. И онака никој друг нема да го направи тоа.

5. Исплаќајте ги вашите долгови секој месец.

6. Не морате да победите во секоја расправија. Согласете се дека не се согласувате.

7. Плачете со некој. Така ќе оздравите повеќе отколку да плачете сами.

8. Штедете за пензија уште од вашата прва плата.

9. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.

10. Помирете се со минатото, така нема да ја расипете сегашноста.

11. Во ред е вашите деца да ве видат како плачете.

12. Не го споредувајте својот живот со другите. Немате идеја каков бил нивниот пат.

13. Ако врската мора да биде тајна, не би требало да бидете во неа.

14. Животот е прекраток за долги партии тажење. Бидете зафатени со живеење или бидете зафатени со умирање.

15. Можете да пребродите сè, ако го оставите во денес.

16. Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишувајте.

17. Никогаш не е доцна да имате среќно детство. Но, второто детство зависи само од вас.

18. Кога ќе тргнете по она кое го сакате, не прифаќајте „НЕ“ за одговор.

19. Запалете свеќа, наместете убава постелнина, носете секси долна облека. Не ги чувајте нештата за посебни прилики. Денес е посебен.

20. Бидете однапред подготвени, а потоа одете каде што ве води реката.

21. Бидете ексцентрични сега. Немојте да чекате старост за да носите виолетово.

22. Најважниот сексуален орган е мозокот.

23. Никој не е должен за вашата среќа, освен самите вие.

24. Заокружете ја секоја таканаречена катастрофа со овие зборови: „За 5 години од сега, дали ова ќе биде важно?“

25. Опростете им сè на сите.

26. Не треба да се грижите за она кое другите го мислат за вас.

27. Времето лечи скоро сè. Дајте му време на времето.

28. Без разлика колку добра или лоша е ситуацијата, сè ќе се промени.

29. Вашата работа не се грижи за вас кога сте болни. Тоа го прават вашите пријатели. Останете во контакт.

30. Верувајте во чуда.

31. Она што нема да ве убие, навистина ве прави посилни.

32. Стареењето ја победува алтернативата – да се умре млад.

33. Вашите деца имаат само едно детство. Направете им го вредно за помнење.

34. Излегувајте надвор секој ден. Чудата ве чекаат насекаде.

35. Кога сите ние би ги фрлиле своите проблеми на куп и потоа би ги погледнале туѓите, веднаш би ги зграбиле нашите назад.

36. Немојте да го ревидирате животот. Покажете се и направете нешто повеќе од него веднаш.

37. Отфрлете сè што не е корисно, убаво или радосно.

38. Сè што е на крајот навистина важно е дека сте љубеле.

39. Зависта е губење време. Вие веќе имате сè што е потребно.

40. Најдоброто допрва доаѓа.

41. Без разлика како се чувствувате, станете, дотерајте се и покажете се.

42. Земете воздух длабоко. Тоа го смирува умот.

43. Ако не прашате, нема да добиете.

44. Допринесувајте.

45. Животот не доаѓа со панделка, но секако е подарок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    vo zivotot nema generalni probi se e premierno
    zivotot e kratok naukata dolga
    zivotot e najgolema lekcija

Остави коментар