7 клучни прашања за контрацепција кои секоја жена мора да ги постави

7 клучни прашања за контрацепција кои секоја жена мора да ги постави

Користењето заштита за време на сексуалниот однос е знак на одговорност, грижа за своето тело и здравје. Многу жени се срамат да поставуваат прашања за различните методи на контрацепција, па токму затоа и прават големи грешки. Токму затоа погледнете ги следниве нешта кои мора да ги знаете за контрацепцијата со цел да се заштитите од несакана бременост и полово преносливи болести.

7 клучни прашања за контрацепција кои секоја жена мора да ги постави

1. Која е најдобрата контрацепција?

Докторите се согласуваат дека најдобриот метод за контрацепција за сексуално активните личности е добро познатата „двојна метода“. Таа вклучува користење презерватив (единственото нешто кое ве штити од полово преносливи болести) во комбинација со пилули, спирала, фластер или некое друго контрацептивно средство кое ќе ве заштити од несакана бременост.

2. Како можете да го одберете најфункционалниот метод за себе?

Сè зависи од вашиот животен стил и потреби. Не можат сите да бидат толку дисциплинирани за секој ден во исто време да се напијат пилула. Токму затоа треба да го одберете она контрацептивно средство кое можете да го користите на истиот начин како што е објаснето во упатствата, но и со препорака од вашиот гинеколог.

3. Што е интраутерина контрацепција?

Станува збор за реверзибилен метод на контрацепција каде што со помош на интраутерина направа, најчесто во форма на буквата „Т“ можете трајно да се заштитите од несакана бременост. Таа се вметнува директно во матката и мора да биде ставена и отстранета од страна на гинеколог. Оваа заштита може да трае и до неколку години.

4. Зошто некои жени доживуваат силни несакани последици од користењето одредени видови контрацепција?

Секоја жена е уникатна, па токму затоа и некои методи ќе ѝ одговараат, додека пак други не. Тоа е и причината поради која некои од вас ќе имаат проблем со промени на расположението и грчеви за време на користењето пилули, додека пак други ќе ја користат без проблем. Доколку имате какви било несакани последици од одбраниот метод за контрацепција, веднаш јавете се кај вашиот гинеколог и отворено разговарајте со цел да го најдете најдоброто решение.

5. Ако не сте сексуално активни, дали може да престанете да ги користите пилулите?

Вие можете да го направите тоа што го сакате, но мора да имате на ум дека хормоналните контрацептивни средства се најефикасни доколку доследно се користат, а понекогаш им е потребно малку време да „проработат“ откако повторно ќе почнете да ги користите по одредена пауза. Во тој период не се потпирајте само на пилулите туку користете и презервативи.

6. Постојат ли други причини за користење контрацептивни пилули кои не се врзани со бременоста?

Многу хормонални методи се користат за лекување различни здравствени состојби. Доколку имате силни грчеви за време на циклусот и обилно крвавење, гинекологот ќе ви препише контрацептивни пилули со цел да ја регулира вашата состојба.

7. Што сè мора да знаете за пилулите „ден потоа“?

Тие содржат доволно голема доза хормони кои се наоѓаат во контрацептивните пилули со цел да го спречат процесот на оплодување. Што побрзо ги земете, толку подобро, но функционираат дури и ако се земат во периодот помеѓу 2 и 5 дена по незаштитениот однос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар