Експертите советуваат: Како да се грижите за себе за време на празниците?

Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот дел од годината. Но, за личност со анксиозност ова може да биде навистина тешко. Затоа е важно да научите како да се грижите за себе во периодот на празници. Како што наближува новата година, наближуваат и поканите за забави, семејни ручеци, како и трошењето пари. Покрај сите овие настани, важно е да одвоите барем малку време за себе. Грижата за себе е многу важна, особено за празниците кога можете навистина да се запоставите. Закажете време само за вас без никакви изговори и извинувања. Овие едноставни совети ќе ви помогнат да ги преживеете празниците кои следуваат.

ekspertite-sovetuvaat-kako-da-se-grizhite-za-sebe-za-vreme-na-praznicite-kafepauza.mk

1. Дишете длабоко

Можеби сте го слушнале ова безброј пати, но кога ќе научите да го контролирате вашето дишење ќе почувствувате многу придобивки и кај менталното и кај физичкото здравје, особено кога сте анксиозни. Вдишувањето од 7 секунди и издишувањето од 11 секунди е одличен начин да се фокусирате на сегашноста. Оваа техника навистина ќе ви помогне, особено ако немате многу време за себе.

2. Не се смирувајте со алкохол

Навистина е лесно да испиете некоја чаша повеќе кога сте опкружени со поширокото семејство, но ова е навистина лош начин за справување со анксиозност. Алкохолот има влијание на природното ниво на серотонин во вашето тело, па може да се почувствувате нервозни. Ако навистина сакате да пиете алкохол, одберете црвено вино кое е најздраво од овие пијалаци и ограничете се на 2 чаши најмногу.

3. Ставете граница на купувањето подароци

Навистина е лесно да се изгубите во сезоната на подароци. Но понекогаш не е најдобра идеја да купите подарок за сите. Приоритет нека ви бидат најблиските и ставете ја границата таму. Покрај тоа имајте на ум дека најзначајните подароци се обично оние најевтините. Пред да почнете со трошење, размислете што е навистина важно во овој период од годината.

4. Не заборавајте да се грижите и за себе

Јасно е дека празниците се период со многу храна. Иако повеќето луѓе немаат проблем со тоа, ако се чувствувате лошо после сета изедена храна, потсетете се дека тоа се случува само еднаш годишно. Дозволете си да се опуштите во овој период.

5. Вежбајте благодарност

За време на новогодишните празници може да се најдете во ситуација да сакате нешто што навистина не ви треба, или пак да трошите пари на подароци за луѓе кои и не ви се толку важни. Кога ќе почувствувате дека сте претерале, застанете и размислете за што сè сте благодарни во вашиот живот. Бидете горди на вашиот успех. Споделете ја благодарноста и решенијата за вашите проблеми. Тоа е вистински подарок од срце и ќе го отстрани срамот кој го чувствуваат другите.

6. Не плашете се да побарате помош

Можеби сметате дека кога се чувствувате анксиозно најдобро е да ги одбиете поканите за забава и да останете дома со некој филм или серија. Но, предноста од имањето некој близок за време на празниците е тоа што секогаш имате на кого да се потпрете. Најлесниот начин да ја намалите емоционалната напнатост и да останете смирени е да имате некого, може дури и неколку луѓе, на кои ќе можете да им се доверите. Направете го она што ви е потребно и охрабрете го семејството да го направи истото.

Погледнете и како да поставите граници за време на празниците за да се чувствувате посреќно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар