Едноставно прашање што ќе ви помогне да дознаете дали вашиот партнер е вистинскиот човек за вас

Едноставно прашање што ќе ви помогне да дознаете дали вашиот партнер е вистинскиот човек за вас

„Мора да дозволиме да бидеме сакани од страна на луѓето кои навистина нѐ сакаат, кои навистина ни значат. Поголемиот дел од времето сме заслепени од потрагата по луѓето кои сакаме да нѐ сакаат, луѓето кои се безначајни, додека оние кои навистина нѐ љубат, стојат на тротоар и нѐ гледаат како просиме на улица! Време е да ставиме крај на ова. Време е да дозволиме да бидеме сакани.“ – Џојбел

Едно од најволшебните чувства што ги доживуваме во животот е љубовта. Без разлика колку пати сме биле повредени, не можеме да ја спречиме оваа појава. Станува збор за прекрасно чувство што ни помага да сонуваме, ни дава енергија да живееме, но и ни го комплицира животот. Без оглед на тоа колкав успех ќе постигнеме во животот, нашата среќа останува нецелосна кога љубовта не ни е возвратена.

Едноставно прашање што ќе ви помогне да дознаете дали вашиот партнер е вистинскиот човек за вас

Животот не е секогаш праведен, а психата на човечките суштества е многу комплексна. Во свет полн со негативности, лажни емоции и измами, најтешко е да се најде вистинска љубов. Но, како можеме да бидеме сигурни дека сме го нашле вистинскиот човек за нас? Можеби мислите дека ова претставува невозможна мисија, но постои многу едноставно решение што сигурно ќе ви помогне.

Сѐ што треба да го прашате партнерот е следново: „Дали ме сакаш мене или ја сакаш идејата што ја имаш за мене?“. Прашањево можеби ви се чини едноставно, но одговорот не може да се даде само со „Да“ или „Не“. Прашањето ќе ви помогне да дознаете дали партнерот ве сака поради вашиот вистински карактер со сите маани и недостатоци или само ужива да биде со некој како вас и поради тоа се обидува да ја одржи врската во живот.

Доколку одговорот гласи „Секако дека те сакам“, опуштете се. Вашиот партнер ве сака поради вашето вистинско „јас“. Вашите сакани без проблем зборуваат за работите што ги обожуваат кај вас, за вашите квалитети што ги привлекуваат и тврдат дека се подготвени да поминат низ сите потешкотии, успеси и падови во врската за да бидат со вас. Честитки! Вие сте ја нашле љубовта на вашиот живот!

Но, ако партнерот ви каже дека ве сака поради тоа што се чувствува убаво додека е со вас, тоа е знак на предупредување. Запомнете дека кога некој ќе го каже ова, тоа значи дека таа личност само сака да биде сакана, да добива внимание и комплименти. Не ве сака поради вашиот вистински карактер, туку сака само да биде во љубовна врска и да има дечко или девојка.

Едноставно прашање што ќе ви помогне да дознаете дали вашиот партнер е вистинскиот човек за вас

Доколку вашите партнери ви кажат дека ве сакаат затоа што сте многу привлечни или затоа што имаат многу интересен начин на живот, тоа е исто така лош знак. Таквите луѓе обично ги сметаат нивните партнери за трофеи со кои сакаат да се фалат пред нивните пријатели. Тие не се грижат за вашите емоции и за вашиот карактер.

Треба да се загрижите и доколку саканите ви кажат дека сте едни во милион. Ова можеби ќе ви звучи многу романтично, но треба да размислувате практично. Постојат милиони луѓе во светот и вие сигурно не сте најдобрите од нив. Оваа приказна со наслов „Еден/една во милион“ е ништо повеќе од едно обично ласкање. Ако вашиот партнер ви каже дека постојат милиони луѓе кои се подобри од вас, но тој и покрај сите нив ве одбира вас, тоа е знак на вистинска љубов. Разберете ја разликата помеѓу „Ти си еден/една во милион“ и „Те одбирам тебе покрај сите милиони луѓе во светот“.

Љубовта не смее да биде лажна. Љубовта мора да биде вистинска. Ви треба некој кој ќе ве сака откако ќе ве види во сите добри и лоши периоди од животот, кој ќе ве сака секој ден без разлика во каква состојба сте, без шминка, со лузни, со солзи… Ви треба човек кој ќе ја цени вашата љубов и посветеност кон него. Без оглед на тоа колку караници сте имале, вие двајца останувате заедно на крајот од денот.

На почетокот, животот изгледа како бајка кога двајца луѓе ќе се вљубат еден во друг. Но, откако ќе помине првичниот занес, маските паѓаат и изложени сме на суровата реалност. Многу врски умираат во тој момент. Но, ако постои вистинска љубов помеѓу вас и вашиот партнер, ќе успеете да преживеете заедно. Па, каков одговор добивте од вашите сакани?

Доколку се сомневате во чувствата на вашиот партнер, прочитајте ги овие 6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар