6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

На почетокот сите врски изгледаат прекрасно и романтично. Кога сте дел од ваква врска се чувствувате како конечно да сте ја пронашле вистинската личност за вас. Но дали сте сигурни? Постојат некои работи кои ќе ве натераат да чувствувате дека вашата врска можеби нема да функционира. Важно е уште на почетокот да ги забележите знаците кои ви покажуваат дека станува збор за лажна и неискрена љубов.

1. Помеѓу вас нема хемија

6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

Многу фактори влијаат на „хемијата“ помеѓу двајца партнери. Тие може физички да се привлекуваат, и тоа многу, но тоа не значи дека помеѓу нив ќе има некаква хемија. Ако вашата љубов е вистинска вие ќе го чувствувате тоа дури и кога не сте заедно, другите луѓе ќе ги чувствуваат вашите вибрации, ќе ви кажуваат колку добар пар сте. Воглавно, каде и да одите сите ќе ве гледаат како пар, а не како посебни личности. Ако на вашата врска ѝ недостасува ова, тогаш речиси сигурно не станува збор за вистинска љубов.

2. Никогаш не добивате комплименти

6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

Ние сме социјални суштества и секој од нас си има свои проблеми. Целта на врската е да пронајдете мир и да бидете среќни. Понекогаш, нам ни се потребни комплименти од партнерот со цел да се чувствуваме посебно и сакано. Овие комплименти, без разлика колку мали, ни даваат до знаење дека некој нѐ љуби. Тие прават да се чувствуваме убаво во врска со себе. А кога комплиментот доаѓа од личноста која најмногу ви значи, дури и најлошиот ден може да ви стане убав. Во здравите врски и двајцата партнери редовно си даваат комплименти. Па, ако не сте го забележале ова од вашиот партнер, можеби се движите во погрешна насока.

3. Вашиот партнер се однесува како да не постоите

6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

Нормално дека на секому му е потребен простор во врската. Но, ако добивате премногу простор можеби е време да размислите. Без разлика колку е зафатен вашиот партнер, тој треба да најде време и за вас. Посветеноста не треба да ја има само на почетокот на врската. Секоја врска бара да вложите време и труд. Ако вашиот партнер ја избегнува оваа одговорност, можеби ќе ви биде подобро без него.

4. Треба на другите да им го објаснувате однесувањето на партнерот

6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

Дали често ви поставуваат прашања како „Зошто не ти се јави кога не ти беше добро?“ или „Зошто не излегувате заедно?“ Размислете внимателно. Не сте само вие кои се сомневате, туку почнале и вашите пријатели. И тие можат да забележат кога нешто не е во ред. Ова однесување кое можеби го браните како нормално или природно не треба да го прифаќате. Овде во никој случај не станува збор за вистинска љубов.

5. Имате проблем со комуникацијата

6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

Недостигот од комуникација е еден од поголемите проблеми во врската кој веднаш треба да се реши. Колку пати ви се случило долго да размислувате пред да му кажете нешто на вашиот партер? Дали сте почувствувале дека не можете да комуницирате со него? Сродните души се разбираат едни со други, а вистинската љубов бара партнери кои ќе се разберат дури и без зборови. Ако во вашата врска недостасува комуникација, треба да ја прифатите вистината дека таа можеби нема да трае.

6. Нема никакви планови за иднина

6 знаци кои покажуваат дека вашата љубов не е вистинска

Ако станува збор за вистинска љубов, сигурно сакате да останете посветени засекогаш. Нормално е за сродните души заедно да ја планираат својата иднина, да планираат одмори и слично. Дали вашиот партнер избегнува да разговара за овие работи? Важно е да знаете дали вашиот партнер гледа некаква иднина со вас. Можеби ќе биде болно, но ако нема сериозни планови со вас, речиси сигурно ќе ве напушти. Откријте ја вистината пред премногу да се вљубите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар