Едноставен рецепт за палачинки од компири

Пробајте го овој вкусен рецепт со многу малку брашно и без бел шеќер.

Едноставен рецепт за палачинки од компири

Потребни состојки:
  • 1 килограм компири
  • 1 жолчка
  • 1 јајце
  • малку масло
  • малку сол
  • брашно по потреба
  • џем по ваш избор
Начин на подготовка:
  • Излупете ги компирите, сварете ги и испасирајте ги. Во нив додајте ги јајцето, жолчката, маслото, солта и малку брашно колку да направите тесто.
  • Тестото не треба да биде премногу меко. За добро да се измешаат состојките потребно е околу половина час. Тестото што се прави подолго е секогаш повкусно и полесно за понатамошно подготвување.
  • Тестото направете го форма на леб и поделете го на 12 дела. Од секој дел направете форма на палачинка. Нивната големина прилагодете ја на вашата тава.
  • На загреано масло испечете ги палачинките од двете страни. Ќе ви биде потребно повеќе масло и додавајте го на секое превртување. Палачинките филувајте ги со џем по избор, и посипете ги со шеќер во прав.

Пробајте ги и овие вкусни филови за палачинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар