Двете најважни прашања во вашиот живот

Двете најважни прашања во вашиот живот

Многумина трагаат по смислата на своето постоење, знаејќи дека мора да е тука некаде. Честопати си поставуваме прашања, како на пример: Дали го направив тоа исправно? Дали можев да го направам подобро? Каде погрешив? Што да сторам со своето слободно време?Поставувањето прашања кон самите себеси е добра навика која позитивно влијае врз нашето размислување. Со одговорите на вакви прашања, чувствуваме дека имаме контрола над самите себе. Станува збор за најважните монолози на секој човек.

Двете најважни прашања во вашиот живот

Но, постои едно прашање кое не смеете, а да не си го поставите во својата глава. Прашање чиј одговор би требало секогаш да го знаете, одговор кој сигурно нема да биде секогаш ист, но мора да постои. Тоа прашање е: Поради што се будам наутро?

Станува збор за возбуда, страст, ваша цел или план. Тоа е кога имаш причина да станеш од кревет и да направиш нешто важно во текот на денот. Тоа е кога имаш толку силна цел, што ти се чини дека би успеал/а да го промениш светот со нејзиното остварување. Во ред е, бидејќи „Оние кои мислат дека се доволно луди за да го променат светот, обично се тие кои го прават тоа.“

Двете најважни прашања во вашиот живот

Она поради кои се будите наутро е вашата страст кон животот. Страста претставува сè. Тоа е она што ве мотивира, ве тера да си поставите цели, ви помага да ги изработите задачите до совршенство, ви помага да останете полни со ентузијазам. Внесете страст:

  • во вашата професија
  • во вашите дела
  • во разговорите со вашите пријатели
  • во пиењето на вашето кафе
  • во читањето книги
  • во посетувањето на нови места
  • во новите утра

Страста е она што сакате да го почувствувате и да го споделите. Дали ја пронаоѓате во верата, работата, љубовта, природата, не е ни важно, важно ја чувствувате. Тоа е чувството кога се будите секое утро со огромна желба за живот, со љубов кон она што го правите и со знаење дека она што го правите би можело да го промени светот, барем малку.

Второто прашање, со еднаква важност како и првото, гласи: Што важно направив денес?

Двете најважни прашања во вашиот живот

Насмеавте нечие лице? Научивте нешто ново? Искусивте нешто различно? Добивте покачување на работа? Завршивте важен проект во вашиот живот или конечно научивте да ги подготвувате вкусните колачиња по рецептот на вашата баба? Сето тоа е успех, и сè додека можеме да кажеме макар една работа како одговор на ова прашање, знаеме дека денот не е залудно потрошен. Тоа се нашите остварени сни и планови, работи во кои сме вложиле труд и време и ни се исплатело на крајот. Тоа е чувството кога ќе ве полазат морници од возбуда, поради самата помисла дека сте УСПЕАЛЕ. Вие заслужувате да ги почувствувате тие морници.

Не заборавајте да го започнете и завршите секој ваш ден со овие две прашања, но и со одговори на истите. Ќе видите како лесно вашиот живот ќе добие повеќе смисла, ќе сфатите дека ВИЕ сте ОВДЕ со причина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. bojana Reply

    Prekrasno 🙂

Остави коментар