Дознајте ја древната тајна за здрава и сјајна коса

Дознајте ја древната тајна за здрава и сјајна коса

Доколку некогаш сте гледале индиски филм или серија сигурно сте забележале дека косата на Индијките е неверојатно сјајна, густа и цврста. Можеби сте помислиле дека тоа се должи на нивните гени, но всушност се работи за древен ритуал што го применуваат најмалку еднаш неделно.

Дознајте ја древната тајна за здрава и сјајна коса

Веќе илјадници години, Индијките користат масло за коса кое според традиционалната Ајурведа содржи различни билки, а поединечни семејства имаат сопствени рецепти и смеси што ги усовршиле во текот на годините. Билките се потопуваат во масло, понекогаш со денови, за да ги испуштат нивните корисни состојки. Мајките и бабите ја приготвувале оваа смеса во големи казани за да имаат за цела година.

Па, кои билки ги содржи овој рецепт за коса од соништата? Повеќето рецепти содржат хибискус, амалаки (индиско грозје), фенугрик, ливчиња од алое вера и брахми. Сите овие билки имаат состојки кои придонесуваат за растот и негата на косата. Во Ајурведата, сусамот и кокосовото масло традиционално се користат како основа на маслата за коса, но се верува дека и рицинусовото масло го спречува паѓањето на косата и го поттикнува нејзиното растење.

На природните лекови понекогаш им е потребно повеќе време да делуваат за разлика од хемиските раствори на кои сме навикнати, но резултатите од првите се подолготрајни и природни, што значи дека се добри за општото здравје. Па, на кој начин би требало да го користите маслото за коса и зошто тоа е корисно за вас?

Доколку редовно нанесувате масло на косата, ќе го забрзате нејзиното растење, ќе се ослободите од првутот, ќе го намалите паѓањето на косата, ќе го спречите предвременото обелување на косата и ќе добиете сјајна и цврста коса. Не само што овие третмани ќе ја одржат косата здрава, туку и масажата на главата што ќе ја правите при нанесувањето на маслото ќе ви ги ублажи болките доколку имате проблем со главоболки, мигрени, несоница и стрес.

Ритуалот треба да се одвива на следниов начин: Малку го загревате маслото за да биде млако и го нанесувате пред да ја миете косата. Сувата коса ќе му дозволи на маслото подлабоко да навлезе, а кога косата е мокра, коренот на влакното отекува и поради тоа не може убаво да го впие маслото. Прво, масирајте го скалпот за да го поттикнете растењето на косата и да им овозможите на корисните состојки да навлезат во коренот на влакното. Сите знаеме дека ако го подобрите здравјето на скалпот, ќе го подобрите и квалитетот на косата. Потоа, треба да го нанесувате маслото од коренот кон краевите на прамените низ целата коса. Оставете го маслото на вашата коса од 30 до 60 минути пред да го измиете со шампон.

Со оглед на тоа што маслото создава заштитен слој, колку подолго го оставите, толку подобри резултати ќе добиете. Можете да употребите и мала количина на масло откако ќе ја измиете косата за да ја зачувате влажноста, убаво да ги расплеткате суканиците и да ѝ дадете здрав сјај.

Сите што ја бојадисуваат косата, користат пегла, сите русокоси, црвенокоси, девојки со права или со виткана коса можат да извлечат корист од овој третман со масло. Овој ритуал нека стане дел од вашето секојдневие. Немате што да изгубите, можете само да добиете сјајна и здрава коса каква што отсекогаш сте посакувале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар