3 причини зошто треба да ја знаете својата крвна група

Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето. Таа може да влијае на целиот наш живот, а сепак многумина не знаат точно која е нивната крвната група. Во продолжение прочитајте зошто е многу важно да ја знаете оваа информација за вас…

3 причини зошто треба да ја знаете својата крвна група

1. Крвната група овозможува длабок увид во вашата генетика

Познавањето на крвната група може да ви биде од огромна помош при разбирањето како вашето тело реагира на одредена храна, на кои болести би можеле да бидете склони, како реагирате на стрес, како стареете и за уште многу други нешта…

Имајќи го ова на ум, крвната група може да ви послужи како алатка за навигација при одредување на што е добро, а што лошо за вас. Истражувањата покажале дека кај луѓето со одредена крвна група постои и одреден ризик за специфични болести, на пример, кај личностите со крвна група 0 постои помал ризик од срцеви болести, но поголем за појава на чир на желудник.

2. Крвната група помага при одредување на најздравиот начин на исхрана

Антигените (молекулите кои поттикнуваат создавање антитела) на вашата крвна група не се наоѓаат само во крвта. Тие се раширени низ целиот организам, особено во деловите од телото што се во интеракција со околината. Тоа го вклучува дигестивниот систем, од устата до дебелото црево, како и дишните патишта и белите дробови. Со оглед на тоа што тие се насекаде, имаат големо влијание на начинот на кој вашето тело реагира на храната што ја внесувате.

Од друга страна пак, одредена храна содржи лектини, еден вид белковини што се врзуваат со антигените на крвните групи и предизвикуваат аглутинација на крвта, поради што можете да чувствувате умор, главоболка, дигестивни проблеми и да развиете проблеми со кожата.

3. Познавањето на крвната група може да ви го спаси животот

Најважната причина поради која би требало да ја знаете својата крвна група е поради фактот што оваа информација би можела да ви го спаси животот во случај на сообраќајна или друг вид несреќа кога ќе ви биде потребна трансфузија на крв.

Ако уште не ја знаете својата крвна група, се надеваме дека со читањето на овој текст ќе се премислите и уште во текот на оваа недела ќе го посетите својот доктор за да ја дознаете…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар