Домашни маски од портокал за нега на коса и кожа

По најголемите козметички и здравствени придобивки на портокалите, следуваат неколку нивни практични примени односно природни, домашни маски за нега на вашата кожа и коса, кои можете да ги подготвите уште веднаш. Па, да почнеме!

Маска од кора од портокал за сјајна и чиста кожа

(0) domashni-maski-od-portokal-za-nega-na-kosa-i-kozha-kafepauza.mk

Оваа домашна маска го спречува појавувањето на акни и кожата ја прави чиста и сјајна. Дополнително дејство дава медот, кој има антивоспалителни и антибактериски својства, како и јогуртот, кој е богат со алфа хидроксилна киселина, поттикнувајќи го создавањето на колаген и ексфолацијата.

Потребни состојки:
  • Кора од 3 портокали
  • 2 лажици јогурт
  • 1 лажица мед
  • Блендер
Начин на подготовка:

Излупете ги портокалите и корите поделете ги на мали парчиња. Измијте ги и потоа оставете ги на сонце да се исушат во рок од три дена. Кога веќе ќе се суви, ставете ги во блендер и мешајте сè додека не добиете смеса во прав.

Добиената смеса ставете ја во сад и додадете ги медот и јогуртот. Убаво измешајте и маската е готова! Нанесете ја на лицето и оставете да делува 25 минути. Исплакнете со млака вода.

Сок од портокал за здрава и сјајна коса

(1) domashni-maski-od-portokal-za-nega-na-kosa-i-kozha-kafepauza.mk

Сокот од портокали е одличен за ревитализација и опоравување на оштетената коса. Витамините Б, Б12, Е, кои се наоѓаат во портокалот, заедно со медот и маслиновото масло, ќе ја дадат потребната свежина, влажност и антиоксиданси за убавината на вашиот скалп и коса.

Потребни состојки:
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:

Исцедете го сокот од лимонот и портокалот. Доколку немате соковник, направете го тоа со помош на цедалче, затоа што не сакате да има остатоци од пулпа. Во добиениот сок, ставете ги медот и маслиновото масло. Убаво промешајте.

Маската е готова. Нанесете ја на косата и масирајте, особено во пределот на скалпот. Оставете да делува еден час и потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.