Најголемите козметички и здравствени придобивки од портокалите

Најголемите козметички и здравствени придобивки од портокалите

„Вие сте она што го јадете“ е позната поговорка, која кога и да ја слушнете ве тера да промените нешто во својата исхрана. Па, зошто да не го направите тоа преку консумирање на повеќе портокали? Сигурно веќе знаете дека се нискокалоричен извор на витамин Ц, одличен за летните денови, кој позитивно влијае врз вашата кожа, коса и тен. Еве кои се и другите многубројни здравствени и козметички придобивки од портокалите, заради кои тие почесто ќе бидат дел од вашата исхрана.

Портокалите и здравјето

(0) najgolemite-kozmetichki-i-zdravstveni-pridobivki-od-portokalite-kafepauza.mk

Превенција од артритис: Портокалите содржат антивоспалителни својства, кои придонесуваат за полесно справување со артритисот и негова превенција.

Зголемен имун систем: Витаминот Ц го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца, што пак го зголемува имуниот систем.

Здрави заби: Портокалите содржат калциум, кој е неопходен за здрави заби.

Здраво срце: Хесперидинот, антиоксиданс во портокалите, ги подобрува функциите на крвните садови и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Превенција од камен на бубрег и чир: Високата содржина на растителни влакна во портокалите е одлична во превенцијата на вакви болести.

Портокалите и кожата

(1) najgolemite-kozmetichki-i-zdravstveni-pridobivki-od-portokalite-kafepauza.mk

Витамин Ц: Речиси сите козметички производи за кожа, во својот состав имаат витамин Ц. Овој витамин помага во формирањето на колаген, кој како старееме се намалува. Како и еластин, кој прави кожата да изгледа помладо и поеластична.

Цитронска киселина: Цитронската киселина го поттикнува создавањето на колаген и обновувањето на клетките на кожата. Затоа е присутна во многу креми против стареење, кои ја подмладуваат кожата.

Антиоксиданси: Витаминот Ц и цитронската киселина се антиоксиданси, кои ја штитат кожата од УВ зраците, нечистотиите и слободните радикали, кои придонесуваат за предвремено стареење.

Против пигментација: Киселинските својства на портокалите обезбедуваат природен начин за осветлување на кожата и полесно справување со темните кругови околу очите и проблемите со пигментација.

Портокалите и косата

(2) najgolemite-kozmetichki-i-zdravstveni-pridobivki-od-portokalite-kafepauza.mk

Против опаѓање на косата: Комбинацијата од витамин Ц и биофлавоноиди во портокалите ја зголемува циркулацијата и протокот на крвта до скалпот, што го стимулира растот на косата. Портокалите содржат и фолна киселина, која косата ја прави бујна, долга и здрава.

Против првут: Кога пулпата на портокалот ќе ја направите во вид на каша, истата можете да ја нанесете на скалпот, како средство против досадниот првут.

Здрава и сјајна коса: Покрај витамин Ц, портокалите се богати и со витамин Б12 и витамин Е, кои косата ја прават силна, здрава и сјајна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар