Домашен сладолед од кајсии

Домашен сладолед од кајсии

Летото е сезона на кајсиите и разните видови јадења направени од овие прекрасни плодови. Едно од нив е сладоледот од кајсија кој е исклучително лесен за подготовка. Одвојте малку време во текот на викендот и подгответе го овој вкусен сладолед.

Домашен сладолед од кајсии

Потребни состојки:
  • Пола килограм зрели кајсии
  • 1/2 шолја вода
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1 шолја слатка павлака
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • Неколку капки сок од лимон
Начин на подготовка:

Пресечете ги кајсиите на 6 дела, ставете ги во сад и додајте пола шолја вода. Поклопете го садот и варете на тивок оган 8 минути со повремено мешање додека не добиете мека смеса. Додајте го шеќерот и почекајте да се растопи. Смесата треба да ја оставите да се излади на собна температура. Кога ќе се излади, добро промешајте за да добиете мазна структура. Пробајте за да проверите да не содржи парчиња овошје. Потоа додадете ги слатката павлака, екстрактот од ванила и сокот од лимон, и мешајте сѐ додека не се соединат сите состојки.

Смесата оставете ја во фрижидер неколку часа. Потоа ставете ја во добро затворен сад и замрзнете ја во замрзнувач.

Викнете ги пријателите и уживајте во овој прекрасен освежителен десерт!

Погледнете го и овој освежителен рецепт за подготовка на здрав сладолед од јагоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар