Домашен рецепт за подобрување на крвната слика

Домашен рецепт за подобрување на крвната слика

Анемијата е состојба која настанува кога телото нема доволно здрави крвни зрнца (или хемоглобин) кои го спроведуваат кислородот во сите делови на телото. Ако имате премалку крвни зрнца во вашите клетки или ако хемоглобинот ви е низок, вашето тело не добива доволно кислород.

Симптомите за анемија се умор, лоша концентрација, ослабен имунитет, низок крвен притисок, воспаление на јазикот, забрзана работа на срцето, температура, вртоглавица, слабост, студени екстремитети, тага, депресија, нарушување на сонот и намален апетит. Некои видови анемија се наследни, а најголем ризик имаат постарите личности и жените поради губењето крв при менструацијата и зголемената потреба за снабдување со кислород при бременоста.

Па, доколку и вие го имате овој проблем, пробајте го овој проверен домашен рецепт што ќе ви помогне за само неколку недели да ја победите анемијата! Подготовката е едноставна, а покрај тоа што е здрав, тој е и многу вкусен. Земајте 3 пати дневно по 1 лажица пред секој оброк.

Потребни состојки:
  • 200 милилитри мед
  • 200 грама ореви
  • 200 грама суво грозје
  • 200 милилитри сок од моркови
  • 200 милилитри сок од цвекло
  • 2 лимона
Начин на подготовка:

Измијте ги лимоните и пресечете ги на пола, притоа отстранувајќи ги семките. Смелете ги со кората ако се органски (ако се прскани отстранете ја и неа) и ставете ги во стаклена тегла којашто собира барем 1 литар. Додајте го медот и исцедениот сок од цвекло и моркови, па добро промешајте. Потоа додајте ги и ситно исечканите или смелените ореви и суво грозје. Повторно помешајте.

Ќе добиете околу 1 литар вкусна и многу здрава лековита смеса. Чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер.

Борба против анемија: Супа од спанаќ што ќе ви го наполни телото со железо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар