Докторите предупредуваат: Ова скоро сите го прават во јавен тоалет, а никако не би смееле

Докторите предупредуваат: Ова скоро сите го прават во јавен тоалет, а никако не би смееле

Докторите предупредуваат дека со невнимателно однесување додека се користи јавен тоалет може да се „соберат“ опасни инфекции предизвикани од ешерихија коли и салмонела. Поради ова, некои работи не смеете да ги правите.

Докторите предупредуваат: Ова скоро сите го прават во јавен тоалет, а никако не би смееле

Користењето на јавен тоалет е како да играте руски рулет. Може да имате среќа, но може и да „закачите“ некоја инфекција на уринарниот тракт што ќе ви го направи животот пекол.

Сепак, кога имате потреба, а не сте во можност да искористите домашен тоалет, немате многу избор, па мора да посетите јавен. На сите инстинктивно им доаѓа да ја обложат даската од веце школката со многу тоалетна хартија и така да се заштитат од директен контакт со бактерии. Но, баш на тој начин можете да си наштетите по здравјето.

Секако дека се грижите за заштита од сексуално-преносливи болести, но на овој начин занемарувате други проблематични работи. Обложувањето на даската со тоалетна хартија во јавен тоалет не може да ви го заштити уринарниот тракт од инфекции. Исто така, дури и само да ја пребришете даската со хартија која ја користеле други непознати луѓе пред вас, може да доведе до зараза.

„Најопасно е кога во брзање не ја празните целосно бешиката, туку го прекинувате млазот, односно го задржувате. Тогаш бактериите директно се селат во вашата бешика во која има многу течности, па затоа брзо се множат“, вели д-р Прити Даниелс.

Таа објаснува дека клучната причина за настанување на уринарни инфекции е неразумното однесување и неинформираноста на луѓето кога користат јавни тоалети.

„Луѓето би требало да водат сметка за она што го прават во јавните тоалети, а не да се плашат од сексуално-преносливи болести. За второто, мора да постои изложеност на гениталниот тракт на истата површина и на здрава личност и на заболена личност пред неа. Оваа веројатност скоро и да не постои“, дообјаснува Даниелс.

Погледнете како безбедно да ги користите јавните тоалети и да го заштитите вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар