Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

Кога прв пат ќе раскинете со некого, можеби воопшто не помислувате на смирување. Ако поминал некој период и се прашувате дали да му се вратите на бившиот партнер, потребно е да земете предвид неколку нешта.

Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

Иако некои сметаат дека никогаш не е добра идеја да му се враќате на минатото и дека раскинувањата се со причина, понекогаш треба да размислете за вашата одлука. Ако сакате да знаете дали можете да ја обновите вашата врска, најважно е да ја знаете причината за вашето раскинување. Доколку сте раскинале за некоја од следниве 11 причини, можеби би требало да ѝ дадете уште една шанса на вашата врска.

1. Сте се запознале додека сте биле со некој друг

Иако сте биле подготвени кога конечно сте биле заедно, факт е дека ве чекало уште закрепнување. Едноставно не сте биле на вистинското место за оваа нова врска. Без разлика што тој бил висинскиот партнер, се појавил во погрешно време.

2. Сте биле во период на транзиција во кариерата

Ова ви оставило малку време и енергија за врската.

3. Не сте сфатиле што сте имале

Ви станало јасно колку го сакате партнерот дури откако си заминал.

4. Не сте биле подготвени

Можеби во тој момент сè уште не сте биле подготвени за нешто толку реално и интензивно.

5. Сте биле емоционално врзани за бивш партнер

Можеби не сте бил подготвени да го отворите вашето срце за некој друг, без разлика што бившиот бил токсична личност, а новиот партнер одличен за вас.

6. Требало да работите на себе

Можно е и да сте биле во период на созревање, учење и истражување. Сте го искористиле времето додека сте биле разделени за да го направите тоа.

7. Сте се обиделе да воспоставите временска рамка во врската

Можеби сте биле подготвени за запросување, брак и деца, но не и партнерот. Па, сте го оставиле за да најдете некој со ист „распоред“ како и вашиот.

8. Сте имале проблеми

Сте имале проблеми од минатото со кои требало да се соочите и да се помирите, а сега веќе сте го направиле тоа.

9. Сте биле во „забавната“ фаза од врската

Не сте биле подготвени да се „смирите“ во тој момент. Сега сте.

10. Не сте знаеле што точно сакате и што ви треба

Ви било поважно да најдете згоден и богат партнер, наместо некој кој ќе ве сака и ќе ве цени. Приоритетите ви биле други, но сега конечно ги знаете.

11. Не сте биле среќни со себе

Сте барале надвор од себе за да бидете среќни и не сте сфатиле дека без разлика со кого сте, ќе се чувствувате осамено доколку вие не направите промена.

Ако сте биле во која било од овие ситуации, добро размислете како сте го поминале времето додека сте биле одвоени од бившиот. Важно е да научите што треба за здрава и трајна врска. Треба да ви е јасно што сакате и кои ви се потребите. Повеќе не завршувате со кого било, туку сте подготвени за вистинскиот.

Исто така треба да бидете среќни и исполнети со себе. Тоа што имате партнер со кој ќе го споделите животот е само плус. И можеби личноста што сте ја барале во сите е личноста на којашто не можете да престанете да мислите – вашиот бивш партнер.

Кога ќе ја обновите врската, ќе знаете во што се впуштате. Ќе знаете кои проблеми можат да настанат. На овој начин ќе бидете подготвени за нив и ќе ги решите на продуктивен и здрав начин. Па, дајте му уште една шанса на бившиот. Можеби сепак тој е вашата сродна душа.

Доколку веќе сте во врска и размислувате за раскинување, погледнете кои се знаците кои покажуваат дека партнерот не ве цени доволно и дека е време за крај.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар