Извлечете ја вистината од секого со само еден едноставен трик поддржан од науката

Како можете да препознаете лага пред да ви ја кажат? Изгледа дека ова сепак не е толкав предизвик. Се разбира, постојат навистина искусни лажговци што можеби нема шанси да ги разоткриете, но не заборавајте дека постои причина зошто велат дека очите се прозорци на душата.

Извлечете ја вистината од некого со еден едноставен трик поддржан од науката

Ако погледнете доволно длабоко во очите на измамник, можеби ќе можете да откриете што е вистина, а што не. Според едно ново истражување, директното гледање во очи можеби е и единствениот начин да ја извлечете вистината од некого.

Ова истражување е навистина неверојатно бидејќи покажува дека директното гледање во очи го охрабрува кажувањето на вистината. Ако ова е вистина, не би требало да му кажувате на соговорникот дека знаете дека ве лаже, туку да го гледате во очи додека тој самиот не признае. Веројатно мајките веќе го знаеле овој трик.

За да откријат како да ја извлечат вистината од некого, тимот психолози создал интерактивен експеримент. Во експериментот испитаниците се гледале еден со друг преку прозорец со паметно стакло на кое играле видео игра. Додека играле, истражувачите забележувале како испитаниците ги мрдаат нивните очи – нагоре или надолу. Според резултатите, директното гледање во очи од противникот било доволно за да се намали мамењето во играта.

„Сите ги знаеме класичните нешта што ги издаваат лагите – мрдање на очите и неспособност за директно гледање во очите“, изјавила Сузан Винтер, експерт за врски.

Според неа, овие микро-гестови можат да создадат неудобност и несигурност дури и кај најискусниот лажго. Луѓето кои се несигурни во себе, ќе се чувствуваат неудобно кога ќе ги гледате директно во очи.

Гледањето во очи е лично поврзување. Сигурно ви се случило да погледнете странец во очи подолго и да се почувствувате чудно. Истото се случува и кај некој што лаже.

„Гледањето во очи ја менува динамиката на интеракцијата и ја претвора во лична, па бара одговорност за нивните постапки и однесувања. Да бидете директни на овој начин е моќен потег со кој покажувате авторитет и почит“, изјавил доктор Роберт Глатер.

Дури и ако можете да преминете преку лагата на пријателот или на саканиот, понекогаш самото тоа што ве излажал ќе ве боли. Сигурно личноста се чувствува лошо поради постапката, но со тоа што не кажувате ништо, вие дефинитивно нема да се чувствувате подобро. Ако соочувањето со пријателот ќе направи да се чувствувате добро, би требало да го направите тоа. Бидејќи ова е полесно да се каже отколку да се направи, овде ќе ви се најде техниката гледање во очи.

„Многу е подобро да ја спомнете очигледната неудобност на другата личност наместо да ја обвините за лажење. Во овој случај најверојатно ќе се брани и ќе ја префрли вината кон вас“, изјавила терапевтката Шенон Томас.

Можете да го прашате пријателот зошто се чувствува неудобно кога ве гледа. На овој начин ќе изгледате љубопитно и загрижено за соговорникот.

Можете да бидете и подиректни, но најдобро е разговорот да биде смирен. Објаснете дека иако можеби нема да ви се допаѓа вистината, сепак сакате да ја знаете. Тогаш ќе му дадете до знаење дека сте рационални и дека ќе останете приземјени додека ја слушате приказната. Оваа врска ќе создаде цврст темел за искреност во иднина.

Погледнете и како да препознаете дали вашиот партнер ве лаже.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар