За најхрабрите авантуристи и зависници од адреналин: 10 луди тури што се екстремно опасни

За најхрабрите авантуристи и зависници од адреналин: 10 луди тури што се екстремно опасни

Секоја година, илјадници луѓе патуваат низ светот и закажуваат тури што нудат возбудливи и застрашувачки искуства, многу често несвесни за опасностите со кои се соочуваат. Кога помислуваме на водени тури, најчесто помислуваме на забава и информативно искуство. Но она што повеќето од нас не го ни помислуваат е ситуација опасна по живот. Постојат многу луди туристички компании кои нудат навистина уникатни искуства, а ова се некои од поопасните.

1. Екскурзија во исклучената зона на Чернобил

10 луди тури што се екстремно опасни

Една од најголемите и најпознатите нуклеарни катастрофи се случи во Нуклеарната станица Чернобил лоцирана во северна Украина, на 26-ти април 1986-та година. Денес исклучената зона на Чернобил е одлично место за туристите да почувствуваат како би изгледал светот по апокалипса. Но, овој регион не е безбеден и не се знае колку долго ќе биде опасно. Со текот на времето, нивото на радијација се намалило доволно за да се дозволат неколку водени тури.

Сепак, има многу забранети активности како пушење, јадење или пиење на отворено. Исто така не смеете да ги допирате зградите, растенијата и дрвата. И потребно е да носите облека која покрива што е можно повеќе од вашето тело.

2. Тури со молњи

10 луди тури што се екстремно опасни

Молњите се едни од најубавите нешта што може да ни ги покаже природата. Но молњите што ги гледаме ние се речиси ништо во споредба со оние во Венецуела. Местото каде што реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо се смета за главен град на молњите и за дом на вечната бура. Овде можете да најдете тури што ќе ве однесат да ги посетите локалните села, на ноќно сафари и најважно – ќе ги видите молњите .

Оваа тура ве носи во срцето на настанот – градот Маракабио има и над 1.000 молњи во еден час. Сепак, ова не е единствениот феномен што ќе го најдете овде. Жителите се запознаени со урагани и торнада. Бурите се силни и можат да ја променат насоката во помалку од минута.

3. Торнадо тури

10 луди тури што се екстремно опасни

Торнадо Алеј, или Улицата на торнадата се наоѓа во центарот на САД и е именувана по честите торнада кои се формираат од сувиот воздух од Канада кој се судира со влажниот воздух од Мексико.

Овие тури ги носат патниците на патување што ќе го помнат цел живот, но ова не доаѓа без ризик. Поради зголемената заинтересираност, повеќе од дузина компании нудат тури и е зголемен бројот на возила на патот. Ова ги става патниците во опасни ситуации што ги загрижуваат и властите и експертите за безбедност.

4. Лава тури

10 луди тури што се екстремно опасни

Да гледате снимка од лава е навистина неверојатно, но замислете да ја гледате одблиску како паѓа во водата. На Хаваи постојат лава тури со брод кои ве носат доволно блиску за да ја почувствувате топлината на лавата. Но и овде постои опасност.

Очигледно е дека лавата е опасна, а да бидете во брод кога нештата ќе тргнат во лоша насока не е идеалното сценарио. Во јули оваа година поради експлозија, дел од лавата завршила врз бродот и повредила 23 туристи.

5. Тури во воени зони

10 луди тури што се екстремно опасни

Во овие тури авантуристите можат од прва рака да сведочат на ефектите на војната, вклучувајќи и акција во живо и експлозии. Турите се одржуваат насекаде низ светот, вклучувајќи ги Ирак, Мексико и Африка. Постои компанија со име War Zone Tours која направила екскурзии низ 50 разни држави откога е формирана во 1993-та година.

Сите тури се планирани според вашите желби и ги водат тренирани професионалци за безбедност. Имајте на ум дека во овој случај ќе треба да се посетуваат места на кои не се препорачува да патувате.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар