Десерт за денес: Бабини профитероли
Погледнете го овој рецепт како да направите вкусни профитероли кои за многу кратко време ќе ви станат омилен десерт.

Потребни состојки:
- 125 милилитри млеко
- 125 милилитри вода
- 100 милилитри масло
- 300 грама брашно
- 5 големи јајца
- малку сол
- 200 милилитри павлака
- 150 грама чоколадо
- 1 коцка маргарин или путер
Начин на подготовка:
1. Во тенџере ставете ги водата, млекото и маслото и додајте малку сол, а кога ќе почне да врие додајте го брашното и мешајте две минути. Оставете да се излади, а потоа додајте ги јајцата и мешајте со миксер додека не добиете хомогена смена. Покријте ја тавата со хартија за печење.
2. Ставете го тестото во шприц за готвење и во тавата за печење формирајте мали топчиња. Печете на 200 °C околу 35-40 минути.
3. Откако топчињата ќе се изладат, со нож направете мали дупки од долната страна.
4. Изматете ја павлаката, ставете ја во шприц и наполнете ги профитеролите.
5. Стопете ги чоколадото и маргаринот и можете да додадете малку масло. Ставете ги профитеролите на решетки и прелијте ги со растопеното чоколадо. Откако чоколадото ќе се здрви, можете да сервирате.
Ако немате идеја што да зготвите денес за ручек, погледнете како да направите пилешко месо со прелив и лук што се подготвува за многу кратко време.