Дами, вака не се заведува: Женски потези кои мажите не ги поднесуваат

Заведувањето е секако една од највозбудливите работи, но ако се прави на вистинскиот начин. Затоа исфрлете ги овие пет потези од играта на заведување, бидејќи мажите тврдат дека ниту малку не им се допаѓаат.

1-dami-vaka-ne-se-zaveduva-zhenski-potezi-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-www.kafepauza.mk_

1. Детски глас

Сите ние барем еднаш сме ја испробале оваа техника: со желба да го привлечеме вниманието на посакуваното момче сме се обиделе да го заведеме со нежен и умилив глас. Меѓутоа, вистината е дека на мажите им е навистина иритирачко да го слушаат тоа. Доволно им е да слушнат женски глас, без никаква глума.

2. Беспомошна дама

Мажите навистина може да препознаат дама која се преправа дека е невина и беспомошна ако навистина не е. Затоа немојте да барате помош во ситуации кога е очигледно дека не ви е потребна, бидејќи мажите нема да паднат на тоа. Тие се свесни дека нас нè краси памет и сила.

3. Игра топло-ладно

Иако претходно нè учеле дека играта топло-ладно повеќе ќе го заинтересира мажот, вистината е поинаква. Момците велат дека ова однесување ги исцрпува и дека брзо го губат својот интерес.

2-dami-vaka-ne-se-zaveduva-zhenski-potezi-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-www.kafepauza.mk_

4. Љубоморни обиди

Мажот ќе почувствува љубомора ако забележи дека жената којашто му се допаѓа флертува со друг. Меѓутоа од таа љубомора нема да се добие таков резултат како што очекува таа. Таа се надева дека љубоморниот маж ќе биде повеќе заинтересиран, но всушност поголеми се шансите дека тој нема ниту да започне разговор со неа.

5. Глумење заеднички интереси

На мажите воопшто не им смета ако жените не знаат ништо во врска со нивното хоби или омилениот спортски клуб, па затоа нема потреба да глумите дека знаете нешто повеќе отколку што е. Мажот кога-тогаш ќе сфати дека претерувате со вашето (не)знаење, а понатамошниот епилог нема да биде сјаен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар