Дали сте склони кон микро-неверство?

Дали сте склони кон микро-неверство?

Замислете ја оваа ситуација: со колега од работа со денови зборувате за вашата љубов кон некоја ТВ серија, што значи дека конечно сте пронашле некој со кого ќе можете да споделувате впечатоци за новата сезона (со оглед на тоа што вашиот партнер едвај знае дека постои таа серија).

Иако размената на пораки за последната епизода во вечерните часови за вас не претставува никаков проблем, вашиот партнер ова може да го смета за микро-неверство.

Дали сте склони кон микро-неверство?

Што е микро-неверство?

Стручњаците ова го опишуваат како низа мали активности кои една личност ги прави, при што физички и емотивно се фокусира на друга личност надвор од врската. На пример, доколку ги лажете другите за вашиот љубовен статус, имате одредена личност во вашиот именик запишана под лажно име или тајно контактирате со некого – сето ова претставува микро-неверство. За некои, дури и лајкувањето на нечија фотографија може да биде микро-неверство. Некои од овие работи се сметаат за контроверзни, а некои се сосема нормални.

Кога треба да бидете загрижени за микро-неверство?

Кога е во прашање односот во врската, секој има свое размислување за тоа што е дозволено, а што не. Доколку вашиот однос со некоја личност влијае на односот со вашиот партнер, тоа е доказ дека нешто не е во ред.

Заклучок: Доколку сте загрижени за однесувањето на вашиот партнер, искрено зборувајте со него и поставете граници. На крајот, сите врски треба да бидат засновани на отворена комуникација.

Прочитајте го и ова истражување според кое жените можат да го препознаат неверството на мажот само гледајќи го во лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар