Дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам?

Дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам?

Во „морето“ од информации што ги нуди интернетот понекогаш е тешко да се препознае кои се вистинити, а кои не, затоа денес одлучивме да ви одговориме на некои од дилемите поврзани со употребата на гелот од алое вера од типот дали и колку влијае врз процесот на слабеење како и врз имунолошкиот систем.

Дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам?

Што е алое вера гел?

Низ историјата па сè до ден денес, гелот има широка примена на употреба. Се добива од зелените месести листови на растението, а честопати се користи за лекување на изгореници, гребаници, псоријаза и други кожни заболувања. Постојат две варијанти кои денес можете да ги најдете на пазарот. И двете варијанти содржат гел од централниот дел на растението, но понатамошната процедура го одредува производот. Сокот од алое вера се добива со додавање цеден цитрус или некое друго овошје.

Здравствени придобивки од алое вера

1. Хидратација

Гелот од алое вера се прави главно само од вода, па затоа не е за чудење фактот дека има голема хидратантна моќ, но и изобилува со калиум и витамин Ц. Сепак, тоа не значи дека не треба да внимавате со неговата употреба. Многумина производители во производите со алое вера додаваат шеќери што доведува до зголемување на калориската вредност на гелот.

2. Подобар тен

Кога станува збор за одржување нега на кожата, алое верата може да ви биде од голема корист. Научниците сè уште го испитуваат вистинското дејство на ова растение, но не треба да се занемарат нутритивните вредности како и фактот дека изобилува со антиоксиданси кои од друга страна ја штитат кожата од слободните радикали. Сепак, треба да бидете упорни бидејќи резултатите не се видливи по консумирањето едно пакување гел од алое вера.

3. Го ублажува воспалението

Истражување од 2004 година покажало дека водата помешана со гел од алое вера поволно делува врз воспалителните процеси во цревата. Имено, испитаниците го пиеле гелот два пати на ден во рок од четири недели и не биле забележани никакви контраиндикации.

Употреба и мерки за претпазливост

Како и за сè друго треба да бидете умерени при консумирањето гел од алое вера, но понекогаш можат да се појават проблеми со варењето или надуеност, па затоа подобро е да се консултирате со лекар или нутриционист пред да почнете да го пиете. Доколку не сакате да го консумирате како додаток во вода или сок, можете да го сервирате во форма на коцки мраз во коктел или освежителен пијалак. Гелот од алое вера е и добра замена за бадемовото и овесното млеко во смуди.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од гелот од алое вера, ви предлагаме да прочитате и зошто комбинацијата од алое вера и хијалуронска киселина е толку популарна за нега на кожата.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар