Кои жени слабеат побавно, ниските или високите?

Зошто слабеењето на некои жени им оди побрзо, а на некои побавно? Дали висината игра улога во процесот на намалување на тежината? Одговорот можеби лежи во метаболизмот. Направени се некои истражувања кои даваат покоректен одговор на ова прашање.

Ниските жени имаат побавен метаболизам и потешко слабеат. Колку калории ви се потребни и како можете да ја постигнете идеалната тежина зависи од годината и полот односно од уделот на поединечни компоненти на телото – масно ткиво, коскена маса, мускулна маса и вода. Истражувањата што биле извршувани покажале дека ниските жени имаат помалку витални органи од повисоките односно дека големината на органите е пропорционална со големината на телото. Исто така, тие имаат и помали мускули, а познато е дека мускулите трошат повеќе калории отколку масно ткиво. Сепак постои начин за да се „надмудри“ природно бавниот метаболизам.

Треба да бидете умерени, да не се прејадувате и да прекинете со јадење кога ќе почувствувате дека ви е доста. Не би требало ниту да се споредувате со вашите пријателки или членови на семејството бидејќи сите сме различни. На пример, според една студија објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана, личностите со побрз метаболизам чувствуваат повеќе глад од оние со побавен метаболизам. Големината на органите не можете да ги промените, но можете да ја промените количината на мускулите. За тоа ќе треба редовно да вежбате, а главни сојузници во намалување на килограмите треба да ви бидат теговите.

Кога настојувате да го намалите внесувањето на калориите треба да го зголемите внесувањето на протеините бидејќи тие даваат подолготрајно чувство на ситост и го стабилизираат шеќерот во крвта. Ова правило се однесува и на повисоките луѓе што настојуваат да ја зголемат мускулната маса. Денот започнат со овесни снегулки и грчки јогурт е одличен избор за консумирање намирници богати со протеини. Покрај тоа, треба да се внимава и на консумирањето минерали и витамини бидејќи некои диети можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Пред да се одлучите за промена во исхраната убаво информирајте се и проучете ги сите предности и недостатоци, па ви останува само да го одберете оној начин на исхрана што ќе ви одговара најмногу.

Дознајте и како вашата крвна група може да влијае на брзината на слабеењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар