Вашата крвна група може влијае на брзината на слабеење

Дали постојано сте во борба со килограмите, дури и ако строго се придржувате до некоја диета? Доколку сте дел од луѓето за кои слабеењето е речиси невозможна мисија, причината може да биде вашата крвна група.

Вашата крвна група може влијае на брзината на слабеење

Наводно, луѓето со крвна група АБ+ и АБ- имаат потешкотии во отстранувањето на несаканите килограми. Причината е што овие луѓе тешко ги менуваат нивните навики за исхрана.

За разлика од нив, луѓето со крвна група О+ и Б+ полесно можат да се ослободат од масните наслаги. Оние со крвна група Б+ имаат побрз метаболизам, па потешко се дебелеат. Доколку имате крвна група А, тогаш подложноста на дебелеење не зависи од вашата генетика.

Лекарот Питер Џ. Дадамо направил диета за секоја крвна група. Тој тврди дека намирниците што ги консумираме реагираат со нашата крв, па исхраната поврзана со крвната група е одличен начин да го поттикнете и забрзате слабеењето.

Покрај тоа, на овој начин можете навреме да го спречите развојот на разни болести. Држењето до планот за исхрана според крвна група не само што ќе ви помогне да ја добиете посакуваната тежина, туку може да ви го продолжи и животниот век.

Знаевте ли дека од вашата крвна група зависи и кои болести ви се закануваат?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар