Дали е време да ја смениме нашата перспектива во врска со стресот и анксиозноста?

Дали е време да ја смениме нашата перспектива во врска со стресот и анксиозноста?

Дали сте на мисија да ги елиминирате стресот и анксиозноста од вашиот живот? Ако вашиот одговор е „да“, тогаш не сте единствени. Луѓето ширум светот моментално се опседнати со оптимизирање на менталното здравје, со цел да се чувствуваат постојано добро.

Дали е време да ја смениме нашата перспектива во врска со стресот и анксиозноста?

Но, дали оваа желба за ослободување од стресот и анксиозноста води кон намалување на менталното здравје? Според неодамнешната презентација на годишната конвекција на Американското здружение на психолози, одговорот е ДА. Всушност, психологот Лиса Дармур, која ја водела презентацијата, мисли дека е време да се смени нашата перспектива за стресот и анксиозноста и улогата што тие ја играат во нашиот живот.

Зошто? Кој не би сакал да живее живот без стрес? Според Дармур, стремењето кон живот ослободен од грижи е рецепт за неуспех, бидејќи некои стресови и анксиозност се неизбежни.

„Сакаме да ја поддржиме благосостојбата, но не се стремете кон живот во кој сакате постојано да сте среќни. Ова е опасна идеја, бидејќи е непотребна и недостижна“, објаснила таа. “Кога правиме грешки, нашето ментално здравје се развива. Многу луѓе во денешно време чувствуваат стрес поради чувствувањето стрес и имаат анксиозност поради имањето анксиозност“, вели Дармур.

Според Дармур, одредена доза стрес всушност може да биде добро за нашето здравје.

„Важно е да се разбере дека стресот може да резултира како од лошите, така и од добрите настани“, додава Дармур.

Всушност, стресот често е од нашите најдобри времиња, како на пример, кога ќе го донесеме бебето за прв пат во домот. Дармур ги охрабрува психолозите да разговараат со своите пациенти дека умереното ниво на стрес може да има позитивна функција која води до подобра од просечната отпорност кога се соочуваме со нови тешкотии. Со други зборови, малото потурнување на самите нас може да нè направи поотпорни, само не сакаме да се турнеме многу далеку, бидејќи тоа може негативно да се одрази на нашата среќа и менталното здравје.

Па, како да си дозволиме умерен стрес и анксиозност во нашите животи, без да изгубиме контрола? Според Дармур, секогаш е добра идеја да се работи со терапевт кој може да помогне при воспоставување на целта за контролирањето на стресот, наместо негово избегнување.

Друг метод за контрола на стресот и анксиозноста е самосвесноста.

„Во последните години, техниките за самосвесност се покажаа како ефективен пристап во ослободувањето на стресот и анксиозноста“, вели Дурмур.

Праксата на самосвесност вклучува медитација, водење дневник, јога или вежби за длабоко дишење.

Прочитајте и како да станете отпорни на стресот и да ги зачувате вашите мир и здравје?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар