9 причини зошто луѓето се чувствуваат загрозено од вашиот карактер

Повеќето луѓе кои се лажни или глумат некој што не се, често се чувствуваат загрозени покрај личностите кои се автентични и доследни на себе. Додека ви се чини дека некои луѓе без причина се однесуваат лошо со вас, знајте дека тоа е само рефлексијата од нивната загрозеност.

9 причини зошто луѓето се чувствуваат загрозено од вашиот карактер

Кога сте автентични во толпа луѓе, и покрај непријатностите што ги чувствувате, и покрај стравот, можете да направите многу луѓе да се чувствуваат загрозено од вашиот карактер, бидејќи повеќето не се способни да бидат автентични. За жал, многу луѓе се менуваат во зависност од групата на луѓе во која се наоѓаат и често поставуваат маска за да ги импресионираат другите. Доколку почувствувате дека некој често ве отфрла од неговото друштво, а сепак сте автентични и љубезни, прочитајте ги следниве причини зошто е тоа така.

1. Останувате доследни на вашите верувања

Без разлика со кого зборувате, кога вашите верувања се нападнати, останувате доследни на нив. Вие можеби не ги наметнувате вашите верувања на другите, но кога тие се ставаат под знак прашалник, вие цврсто ги браните.

2. Се издвојувате од останатите

Наместо да ги следите трендовите и да се обидувате да бидете во чекор со сите, вие танцувате на ритамот на вашата музика. Вашиот стил е уникатен и не само што го претставува вашиот вкус за облека, туку го покажува и вашиот автентичен карактер.

3. Вам не ви е потребно постојано друштво за да се чувствувате среќни

Иако уживате да бидете во друштво на други луѓе, тоа не е услов за вашиот ум постојано да се „движи“. Вие уживате со социјалните денови, но помеѓу нив, вам ви е потребно време да бидете сами за да учите и да растете. Останатите луѓе, кои не ја обожаваат убавината на тишината, може да си помислат дека вие сте асоцијални, но тие не се во право!

4. Секогаш се надградувате

Наместо некогаш да допрете до дното, вие продолжувате да учите и да растете. Вие уживате во подобрувањето на вашиот живот, како и на самите себе. За оние кои се задоволуваат со минимум – тие се загрозени од вас. Но, не дозволувајте да ви ја засенат светлината.

5. Вие сте љубезни

Ги третирате луѓето со љубезност и сочувство и вистински ги сакате со целото ваше срце. Без разлика со кого зборувате, вие сте оригинални. Всушност, лажните луѓе можат понекогаш да бидат добри и љубезни, но кога маската ќе им падне, тоа не е убава слика за гледање.

6. Не дозволувате останатите да преминуваат преку вас

Вие не започнувате расправија со некого, тоа не е ваш стил. Но, доколку некој се однесува со вас многу лошо, вие веднаш му ставате до знаење дека нема да дозволите такво однесување.

7. Не ви е потребно внимание

Многу луѓе имаат постојана потреба целото вниманието да биде свртено кон нив. Но, вам не ви е грижа дали луѓето ве гледаат или пак, дали ве прифаќаат. Но, сепак во повеќето случаи, тие ве забележуваат.

8. На повеќето луѓе им се допаѓате

Во група од 5 личности, 4 од нив ќе кажат дека им се допаѓате веднаш по запознавањето, па лажните луѓе можат да се почувствуваат загрозено.

9. Имате голема вредност

Наместо цело време да зборувате, вие имате многу добри карактерни особини. Вие сте самоуверени, љубезни, вложувате напори во сè што работите и имате постигнато многу. Секако дека претставувате закана за љубоморните личности.

Прочитајте ги и овие 7 причини поради кои интровертните луѓе се попривлечни од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар