Чудесни примени на лакот за коса

Чудесни примени на лакот за коса

Покрај тоа што служи за зацврстување на вашата фризура, за да го задржи обликот во текот на целиот ден, лакот за коса има и голем број други практични примени. Во продолжение следат неколку од нив.

Чудесни примени на лакот за коса

За дупнати хулахопки

Доколку ви се дупнале хулахопките, а немате време да купите нов пар, испрскајте лак врз дупчето за да го спречите натамошното распарување на материјалот. Отприлика ќе издржат цел ден, а за разлика од лакот за нокти кој може да ја заврши истата работа, овој пат вашиот мал трик нема да се забележува.

За спречување бубачки и инсекти

Може не е најзгодно решение, но доколку во близина немате нешто посоодветно, лакот за коса може да ви помогне да ги „средите“ бубачките и инсектите кои ве нападнале.

Да се ослободите од електрицитетот на облеката

Ако во ваков случај користите лак за коса, бидете внимателни. Боцата држете ја што подалеку од телото и лесно прскајте ја облеката за да избегнете непријатни, лепливи ситуации.

За чистење на лакираните нокти

Ако случајно со мастило или фломастер сте ги извалкале лакираните нокти, лакот за коса ќе ви помогне да ги исчистите дамките, без притоа да го оштетите маникирот. Испрскајте едно парче памук и нежно поминете ги ноктите.

За средување на веѓите

Девојките кои имаат малку погусти веѓи знаат дека тие му даваат помладешки изглед на лицето, но и дека понекогаш се проблематични за одржување. За секое влакно да дојде на своето место, испрскајте една четка за веѓи и зачешлајте ги веѓите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар