Чоколадни јајца на поинаков начин: Одлична идеја за велигденски десерт

Доколку сметате дека деновите минуваат пребрзо и дека немате време да подготвите сè што сте планирале за Велигден, овој рецепт ќе ве спаси. Овој десерт изглед неодоливо и сигурно ќе ви потрае барем два дена. Станува збор за „чоколадни јајца на поинаков начин“, кои се лесни и евтини за правење.

Чоколадни јајца на поинаков начин: Одлична идеја за велигденски десерт

Потребни состојки:
  • 3-4 млечни чоколади
  • 1-2 бели чоколади
  • Чоколадни бонбони со жолта или портокалова боја
Начин на подготовка:

На пареа или во микробранова печка растопете го млечното чоколадо. Врз сад со малку вода ставете помал сад во кој ќе го искршите темното чоколадо. Потоа ставете го садот врз тивок оган и оставете го чоколадото да се растопи.

Истурете го растопеното чоколадо врз рамна површина и рамномерно распоредете го. Оставете го неколку минути да се излади, но треба да биде меко на допир.

Чоколадни јајца на поинаков начин: Одлична идеја за велигденски десерт

Повторете го истото со бело чоколадо, а потоа оставете го 1-2 минути, малку да се излади.

Врз темното млечно чоколадо, ставете капки од растопеното бело чоколадо. На дамките од бело чоколадо ставете жолти или портокалови чоколадни бонбони. Овој чекор можете да го замените и со комбинации со боја за храна.

Чоколадни јајца на поинаков начин: Одлична идеја за велигденски десерт

Оставете ги чоколадните јајца да се стврднат, а по неколку минути ставете ги во фрижидер. Не ставајте го чоколадото во замрзнувач бидејќи може да побели.

Стегнатото чоколадо исечете го со нож. Парчињата можат да бидат исти, а можете и да го искршите.

Бидејќи постите сè уште траат, пробајте ги овие одлични посни рецепти без масло.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар