Стара легенда што ќе ви го промени погледот кон животот

Стара легенда што ќе ви го промени погледот кон животот

Според легенда од 19-тиот век, еден ден се сретнале Вистината и Лагата. Лагата ѝ рекла на Вистината: „Колку убав ден е денес!“

Стара легенда што ќе ви го промени погледот кон животот

Вистината погледнала кон небото и издишала со олеснување. Денот навистина бил прекрасен.

Двете поминале многу време заедно и на крај стигнале до еден бунар. Лагата ѝ се обратила на Вистината: „Водата е навистина убава, ајде заедно да се избањаме!“

Вистината, со малку сомнеж, ја проверила водата и открила дека навистина е пријатна за капење. Тогаш и двете ја соблекле нивната облека и почнале да се капат. Одеднаш, Лагата излегла од водата, ја облекла облеката на Вистината и побегнала. Гневната Вистина истрчала од бунарот, обидувајќи се да ја пронајде Лагата и да си ја земе облеката назад.

Светот, гледајќи ја голата Вистина, го свртел својот поглед со осуда и бес. Кутрата Вистина се вратила во бунарот и исчезнала засекогаш, на тој начин сокривајќи го својот срам. Оттогаш, Лагата патува ширум светот облечена како Вистината, задоволувајќи ги потребите на луѓето, бидејќи Светот нема ниту најмала желба да ја спознае голата Вистина.

Прочитајте ја и оваа поучна индијанска приказна која ќе ви ја врати надежта во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар