Според експертите, луѓето над 40 години треба да работат 3 дена неделно

Според експертите, луѓето над 40 години треба да работат 3 дена неделно

Сите ги сакаме одморите и слободните денови, но некои луѓе не можат ни да замислат да си ја скратат работната недела, без разлика колку сакаат. Сепак, некои експерти тврдат дека после одредена возраст, луѓето би требало да работат само 3 дена неделно. Наводно, ова ќе има добро влијание на нивното ментално здравје, но и на нивната продуктивност.

Според експертите, луѓето над 40 години треба да работат 3 дена неделно

За време на истражување од 2016-та година спроведено на Универзитетот во Мелбурн, научниците анализирале илјадници работници, односно 3.500 жени и 3.000 мажи од Австралија. Биле нагласени одредени работни навики, со тестови кои вклучувале читање зборови и листи со броеви.

Дури и кога ги зеле предвид проблемите со квалитетот на животот, истражувачите откриле дека перформансот на луѓето е на највисоко ниво после 25 работни часа неделно. Во оваа ситуација, луѓето освојувале и најмногу поени на когнитивните тестови. Ова би можело да им помогне на луѓето да го подобрат квалитетот на нивната работа.

Еден од истражувачите, Колин Мекензи, професор по економија, објаснил дека долгите работни часови можат да го стимулираат мозокот, но пости ризикот од повредување на когнитивните функции преку замор и стрес.

Истражувањето покажало дека луѓето кои работеле повеќе часови, имале помали когнитивни способности, за разлика од луѓето кои воопшто не работеле. Имено, намалувањето на когнитивните способности се забрзувало после 40 работни часа неделно.

Очигледно, не секој може да контролира колку часови неделно ќе работи, а постојат и работни места каде што работниците се потребни и надвор од работното време. Истражувањето ја нагласува важноста од избегнување на прекумерното работење и давањето на работниците време за себе. Важно е да знаете дека дури и добрите нешта, како работната етика, можат да бидат лоши доколку се екстремни.

Погледнете и зошто вашиот работен ден би требало да биде пократок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар