Чоколаден чизкејк со лешници (без печење)

Барате добар, но едноставен рецепт за чоколаден чизкејк без печење? Дојдовте на вистинското место!

Потребни состојки:
За основата:
  • 250 грама бисквити
  • 1 супена лажица Нитела
  • 25 грама лешници, испечени
  • Прстофат сол
  • 75 грама несолен путер, стопен
За филот:
  • 250 грама крем сирење, омекнато
  • 250 грама Нутела
  • 30 грама шеќер
  • Прстофат сол
За преливот:
  • 60 грама темно чоколадо
  • 60 грама шлаг пена
  • 60 грама Нутела
  • Лешници, испечени и искршени на ситни парчиња
Начин на подготовка:

За да ја направите основата, иситнете ги бисквитите и измешајте ги со Нутелата, лешниците и солта. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ги овие состојки во сад и измешајте ги со стопениот путер. Повторно мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Префрлете ја смесата во однапред намачкана со масло тава, со дно што може да биде отстрането и притиснете од страните за рамномерно да ја разнесете. Ставете во фрижидер за да се олади.

За да го направите филот, ставете го крем сирењето и шеќерот во посебен сад и матете додека не добиете мазна смеса. Додајте 3/4 од Нутелата, заедно со солта и продолжете да матите додека не се комбинираат. Нежно додајте ја и останата Нутела, но рачно, и само малку измешајте, за да не се соединат целосно.

Извадете ја основата од фрижидер и сипете ја мешавината со Нутелата врз неа, внимателно израмнувајќи го врвот. Вратете повторно во фрижидер.

За да го направите преливот, ставете ги чоколадото, шлаг пената и Нутелата во мало тенџере, кое потоа ќе го поставите на тивок оган. Мешајте со гумена лажица додека не се стопат состојките, и додека не се соединат целосно.

Извадете го чизкејкот од фрижидер и сипете го преливот врз него. По желба, просејте и лешници во прав. Оставете да отстои минимум 4 саати во фрижидер пред послужување.

Добар апетит!

Пробајте го и овој брз и едноставен рецепт за новогодишен чоколаден чизкејк.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар