4 начини да ги импресионирате вашите соговорници

4 начини да ги импресионирате вашите соговорници

Ако доволно ги притиснете, повеќето луѓе ќе признаат дека барем малку сакаат да ги импресионираат луѓето. Можете да ги импресионирате другите со вашиот автомобил, вашите електронски направи или вашата облека.

4 начини да ги импресионирате вашите соговорници

Но покажувањето на вашето богатство не секогаш е ефективно, ниту пак автентично. За да оставите траен добар впечаток, потребно е да водите значаен разговор со некого. Размислете за луѓето кои сте ги импресионирале во минатото. Најчесто сте го направиле тоа користејќи го вашиот интелект, а не вашето материјално богатство.

Па, без разлика поради која причина сакате да импресионирате некого, еве како да го направите тоа.

1. Бидете самоуверени во врска со вашите верувања

Факт е дека никој не може да биде во право цело време. Можеби грешите за некој факт, верување или заклучок. Но ако постојано се сомневате и ви е срам да ги искажете вашите верувања, нема да оставите добар впечаток кај другите.

Нема ништо поимпресивно од личност која храбро го изнесува своето мислење поддржано со факти. Луѓето кои имаат мислење за некој проблем се попочитувани за разлика од оние кои се сомневаат во нивното расудување и интелигенција. Па за да ги импресионирате другите, мора да зборувате убедливо, но внимавајте да не звучите арогантно.

2. Слободно давајте комплименти

Речиси секој од нас сака признание и внимание. Кога им давате комплименти на другите, правите да се чувствуваат добро за себе. Ако ви се допаѓа нечија облека, слободно дајте ѝ комплимент на личноста. Но немојте да претерувате. Доволен е едноставен и искрен комплимент.

3. Гледајте го соговорникот во очи

Во текот на разговорот, добро е да го гледате соговорникот во очи бидејќи така ќе се поврзете и на лично ниво. Можете да изгледате незаинтересирано ако постојано го избегнувате туѓиот поглед. Не залудно се смета дека очите се прозорци кон душата.

4. Насмевнете се

Луѓето кои не се насмевнуваат во текот на разговор често ги гледаат како личности на кои не може да им се верува. Кога се насмевнувате додека разговарате со некого, имате поголеми шанси за влијание. Избегнувајте претерано насмевнување и смеење со личност од спротивниот пол, бидејќи понекогаш може да изгледа како да флертувате или да се однесувате непрофесионално.

Погледнете и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар