Брзо и вкусно: Рецепт за печени модри патлиџани со сирење и домати

Брзо и вкусно: Рецепт за печени модри патлиџани со сирење и домати

Како што наближуваат високите температури, бараме едноставни и вкусни јадења кои се составени од свеж зеленчук. Така, заедно со тиквичките, модрите патлиџани се вистински избор за кулинарски експерименти, особено во текот на летото. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за модри патлиџани со домати и сирење.

Брзо и вкусно: Рецепт за печени модри патлиџани со сирење и домати

Потребни состојки:

  • 2 поголеми модри патлиџани
  • 300 грама моцарела
  • 150 грама шери домати
  • маслиново масло
  • сол и бибер по желба
  • босилек

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја тавата. Исечете ги модрите патлиџани на кришки со дебелина од околу 2,5 сантиметри. Премачкајте ги со маслиново масло, сол и бибер. Пржете ги околу 4 до 5 минути, а потоа префрлете ги во друг сад.

2. Додадете ги доматите, моцарелата и шери доматите врз модрите патлиџани и додајте уште малку маслиново масло. Префрлете го садот во
загреана рерна на 200 степени целзиусови и печете додека не се растопи сирењето.

3. Послужете како свежо предјадење со босилек или магдонос. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за печени модри патлиџани, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен филипински омлет со модар патлиџан.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар