Брз ручек готов за 20 минути: Пикантно пилешко со сусам и ориз

Пилешкото месо е здраво и брзо се подготвува, а најмалку масен дел се пилешките гради. Ова парче месо е погодно за подготовка на широк спектар јадења, но ако ви се здосадени класичните рецепти испробајте го овој.

Брз ручек готов за 20 минути: Пикантно пилешко со сусам и ориз

Ако сакате допир од егзотичност во вашата чинија, пробајте го ова пилешко подготвено со мед и чили. Еве неколку совети: пилешките гради се многу поевтини ако ги купите заедно со кожата и коските; Откако ќе го одвоите месото може да сварите пилешка супа од коските и кожата; Ако немате масло од сусам, заменете го со обично, сончогледово масло, тоа нема да направи голема разлика. Сепак, другите состојки како медот, сусамот, соја сосот и чилито се задолжителни. Ако го ставите ориз да се зготви на почетокот, овој ручек навистина може да биде готов за 20 минути.

Потребни состојки:

  • 1 кг пилешки гради, исечени на коцки од 2,5х2,5 см
  • 0,5 дл мед
  • 0,5 дл соја сос
  • 0,5 дл вода
  • 3 парчиња лук (ситно сечкан)
  • 1/4 лажичка исечкано чили
  • 3 лажички пченкарен скроб
  • 2 лажици ладна вода
  • 2 лажици сусам
  • 1 лажица масло од сусам

За гарнир: варен ориз

Евентуално: ситно сечкан млад кромид

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте ги медот, соја сосот, водата, лукот и чилито и тргнете го сосот на страна.
  2. Загрејте го маслото од сусам во тава и кога ќе биде жешко, додајте ги коцките пилешко.
  3. Пржете ги на висока температура со постојано мешање неколку минути, а потоа истурете го веќе подготвениот сос во тавата.
  4. Малку намалете ја температурата и гответе уште 5 минути, со покриен капак. Повремено мешајте.
  5. Во сад измешајте пченкарен скорб и 2 лажици вода и мешавината додајте ја во јадењето. Мешајте додека смесата не згусне.
  6. Изгаснете го огнот и наросете со сусам. Послужете со варен ориз и посипете со сечкан кромид.

Можеби сакате да го прочитате и рецептот за лиснати погачи со спанаќ и фета сирење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар