Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Неочекуван гостин неодамна посетил едно село во Белорусија. Едно гладно мало мече побарало храна на една фарма, па фармерот наместо да го избрка, решил да се грижи за него. Тој сега има милениче кое е навистина необично, а никогаш не помислил дека некогаш ќе го има.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Мечето било премногу младо да биде прифатено во зоолошката градина и дефинитивно премладо за само да преживее во дивината. Оваа приказна има драматичен пресврт за слаткото мече – тоа најде дом на фармата која е во сопственост на Николај Василиевич Терлетски.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Мало мече во потрага по храна, дошло во село во Белорусија

На Терлетски, кој го засолнил мечето, му биле дадени 2 опции: да го врати во шумата или да го успие.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Кафеавите мечки се многу ретки во Белорусија и им се заканува исчезнување, така што видот е наведен во Црвената книга на видови пред истребување. Познавајќи го законот, Терлетски контактирал со сите можни надлежни институции кои се поврзани со неговата посебна состојба, но му бил даден истиот одговор: или да го врати мечето во дивината или да го успие. Терлетски не можел да дозволи малото мече да се соочи со таква трагична судбина.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Ловџиите трагале низ шумата 2 дена, но не можеле да најдат никакви траги од мајката на мечето

Мечето е женско и фармерот го нарекол Василица. Василица била премногу млада за да може да преживее сама, па легално останала на фармата.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Ловџиите два дена патролирале низ шумата во близина, со надеж дека ќе најдат било какви траги од мајката на мечето, но без успех. Мечето немало никакви шанси да преживее во дивината без грижа и заштита од неговата мајка, па Терлетски решил да го задржи на фармата. Конечно, комитетот од надлежни експерти издал „пасош“ за малото мече, кое, тогаш и официјално го добило името Василица. Оттогаш, здравото и разиграно мече започнало да го доживува светот на нов начин, опкружено со љубов и грижа од луѓето.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Терлетски планирал да изгради огромна просторија за Василица со место за набљудување

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Каква иднина го очекува ова мече – сираче? Фармата, која била специјализирана за чување на риби и имала создадено мрежа на рибници, планира да започне со туризам, а Василица би била пријатно изненадување за посетителите. За ова да успее, Терлетски сакал да изгради огромна просторија со место од кое мечето ќе може да се набљудува.

Мало мече залутало на фарма, па надлежните предложиле да го успијат, но фармерот сепак решил да се грижи за него

Можеби сакате да прочитате и како една случајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар