Болки од десната страна на стомакот: Што би можело тоа да значи?

Болки од десната страна на стомакот: Што би можело тоа да значи?

Доколку се соочувате со ваков вид болка во десната страна од стомакот, треба да откриете дали таа е постојана и долготрајна или е ненадејна и остра. Но, прво треба да ги откриете вашите симптоми.

Болки од десната страна на стомакот, што би можело тоа да значи?

Осознајте ја болката

Легнете и посветете некое време да ги откриете вашите симптоми. Причините за болките во стомакот од десната страна може да бидат многу нејасни, но одредени специфичности може да му помогнат на вашиот доктор да ја утврди вистинската дијагноза. Запрашајте се колку време чувствувате болка, односно, кога таа започна? Дали интензитетот на болката е постојан или се појавува повремено? Дали ве буди од сон? Дали болката е остра или поднослива? Дали се менува при движење? Што правите за да се чувствувате подобро?

Не паничете

Која било болка може да ве наведе да го помислите најлошото, но докторите уверуваат дека повеќето предизвикувачи најчесто се бенигни и привремени, а причината може да биде истегнат стомачен мускул, гас или лошо варење. Сепак, отидете кај вашиот лекар ако сте загрижени, но во меѓувреме, земете длабок здив и обидете се да не бидете под стрес.

Не ја игнорирајте болката ако…

Човечката анатомија е комплексна и има многу потенцијални причини за болка во стомакот од десната страна – некои од нив се многу сериозни. Дел од нив може да бидат предизвикани од проблеми со гастроинтестиналниот или репродуктивниот систем и уринарниот тракт. Корисно е ако ги согледате сите можни проблеми.

Болки од десната страна на стомакот, што би можело тоа да значи?

Лошо варење

Вашата болка може да биде последица од лошото варење ако јадете премногу брзо, пиете алкохол или јадете храна богата со киселини. Проблемот во тој случај не е сериозен и болката сама ќе се повлече, но ако таа трае подолго од две недели мора да го посетите вашиот лекар.

Грч во мускулите

Ако претерате со вашите кардио-вежби или трчате премногу, тоа може дополнително да ја ангажира дијафрагмата, па да се појави и болка. Докторите советуваат да забележите дали таа се повлекува кога ќе ги оптегнете рацете над главата. За да ја избегнете болката, следниот пат пред вежбање скокајте за да го истегнете вашиот респираторен систем.

Болката може да биде предизвикана од хернија (кила)

Ако сте кревале тегови во теретана или пак тешки работи низ домот, можеби сте добиле хернија – состојба во која некое ткиво или орган се испакнува низ ѕидот од мускулот. Херниите исто така можат да се појават поради прекумерна тежина, а некои дури се и наследни. Симптомите вклучуваат болка при кревање, постојана болка во стомакот, а мажите може да забележат испакнатост во пределот на препоните. Во тој случај потребно е да одите на операција.

Може да биде предизвикана и од воспаление на слепото црево

Кога имате болки во стомакот од десната страна, слепото црево е најчестиот причинител, бидејќи болката е на точната локација во орган сличен на цевка која е прицврстена за дебелото црево. Според докторите, ако станува збор за воспаление на слепото црево, болката обично започнува околу папокот, а потоа се движи кон долниот десен дел од стомакот. Не обвинувајте се себеси. Ништо не можете да направите за да го избегнете тоа, бидејќи според специјалистите, нема специфичен предизвикувач на воспаление на слепото црево. Веднаш отидете кај вашиот лекар бидејќи ако ја толерирате болката подолго време, слепото црево може да пукне.

Болката во стомакот не смее да се игнорира, а може да биде симптом и за други болести како: циста во јајниците, вонматерична бременост, камен во бубрезите или жолчката и многу други состојби и болести. Ако болката е проследена и со повраќање веднаш отидете во болница.

Доколку сакате да се ослободите од болките практикувајте ја оваа античка јапонска метода која ги елиминира сите болки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар