Бјути трикови кои ги користеле нашите мајки, а сѐ уште се добри

Денес во парфимериите можеме да најдеме најразлични производи за нега на лицето и телото, но тоа не значи дека тие делуваат подобро од третманите кои ги користеле нашите мајки. Погледнете ги само актерските диви од ‘50-тите, ‘60-тите, ‘70-тите и ‘80-тите години на минатиот век. Тие секогаш изгледале гламурозно и средено, а својот добар изглед им го должеле на едноставните бјути трикови кои без никаков проблем можеле да ги практикуваат сите жени ширум светот. Еве некои од нив кои и денес „палат“.

1-bjuti-trikovi-koi-gi-koristele-nashite-majki-a-sѐ-ushte-se-dobri-kafepauza.mk

1. Ако сакате лакот за нокти брзо да ви се исуши, пикнете ги прстите во сад со ледена вода.

2. Ако вашето моливче за очи е тврдо или исушено, пред нанесување загрејте го врвот со пламен од запалка. Бојата ќе лизга по капаците, а ќе трае со часови.

3. Проблемот со широките пори и не бил толку голем порано. Сѐ што треба да направите е да нурнете со лицето на 5 секунди во сад со ледена вода. Повторете го ова 2 пати.

4. За ефикасен тоник за лице не мора многу да платите. Во шишенце ставете комбинација од јаболков оцет и вода во однос 1:3, промешајте ја мешавината и користете ја секоја вечер по чистењето на лицето. Кожата ќе ви биде свежа, а киселината од јаболковиот оцет ќе ви помогне и во ослободувањето од мозолчињата.

5. Немате виткач за трепки? Нема проблем, сигурно имате лажица. Откако ќе ја нанесете маскарата, надворешниот дел од лажицата благо притиснете го на затворени очи и така подигнете ги трепките. После неколку секунди тргнете ја лажицата и уживајте во вашите секси трепки.

6. Сакате природни прамени како од плажа? Ако имате природно кафена или светлокафена коса, прескокнете го одењето на фризер и испробајте го стариот мамин рецепт. Пред да одите на плаќа, нанесте лимонов сок. Кога ќе се вратите од одмор, сите ќе ве прашуваат за бројот на вашиот фризер.