Бакопа – летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

Ако барате цвеќе што дополнително ќе ги разубави вашиот балкон или вашата градина ова лето, можеби прекрасната бакопа е вистинскиот избор. Има богата палета на бои, а ако правилно се грижите за неа, ќе ве награди со безброј ситни цвеќиња.

Бакопа - летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

Бакопата расте до висина од 10 центиметри, но има многубројни висечки гранки што може да пораснат до 100 центиметри. Нејзиниот цветен водопад ќе го украси балконот на волшебен начин.

Бакопа - летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

Бакопата цвета од јуни до октомври, а најдобро расте на сонце или под делумна сенка со редовно наводнување со вода, но не со ладна. Најмногу ѝ одговараат утринското сонце и попладневната сенка затоа што така цвета цело лето без престан.

Бакопа - летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

На бакопата ѝ одговара плодна и постојано влажна почва, а е многу чувствителна на суша и мраз. За време на цветниот период, треба да се прихранува со ѓубриво за цветни растенија на секои 14 дена.

Бакопа - летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

Цветовите на прекрасната бакопа можат да бидат еднобојни или разнобојни, а најчесто се бели, виолетови, жолти и розови. Бакопата е лесна за одгледување и може да прерасне во прекрасен градинарски цвет, но многу често ја напаѓаат инсекти и треба да внимавате на тоа.

Бакопа - летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

Бакопа - летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња

Погледнете ги овие 5 розови домашни растенија за кои нема да верувате дека се вистински.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар