Баклава со кардамом: Турски специјалитет што ги освојува македонските кујни

Не мора да одите во Истанбул за да го почувствувате вкусот на турските специјалитети

Потребни состојки:
За баклавата:
  • 500 грама тенки кори за баклава
  • 500 грама мелени ореви
  • 100 грама исечкани ореви
  • 200 грама мелен рогач
  • 4-5 изрендани јаболка
  • 100 грама суво грозје
  • 300 милилитри масло
  • 250-300 грама шеќер
  • 2 кесички прашок за печиво
  • 500 милилитри минерална вода
  • Цимет
За шербетот:
  • 1 литар вода
  • 1 килограм шеќер
  • 1 лимон, исечкан на кругови
  • 1 прстофат кардамом
Начин на подготовка:

Измешајте ја минералната вода со шеќерот, па додајте ги мелените и сечканите ореви, сувото грозје, ренданите јаболка, прашокот за печиво, маслото, циметот и рогачот. Во претходно премачкана со масло длабока тава, наредете 4-5 кори (испрскани со масло) една врз друга и премачкајте ги со филот што сте го направиле. Одозгора ставете уште две кори (исто така испрскани со масло), па над нив додајте фил, и продолжете така додека не ја истрошите целата смеса. Завршете со 5 кори, кои исто така ќе бидат испрскани со масло.

Со помош на остар нож, исечете ја баклавата на квадрати или ромбови и печете на 180 степени, околу 40-тина минути. Можете да ја прекриете со хартија или фолија за да не ви изгори одозгора.

Додека баклавата се пече, направете шербет од шеќер, вода и лимон. Кога ќе почне да врие, додајте го кардамомот и продолжете да варите на тивок оган додека не ја добиете посакуваната густина.

Кога баклавата ќе порумени, извадете ја од рерната и оставете ја да се олади. Потоа прелијте ја со млакиот шербет и оставете добро да се впие.

Десерт кој ќе ви ја заслади душичката: Пробајте ја и оваа баклава со пудинг!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар