Ако сакате да ја искусите среќата, тогаш следете ги своите соништа

Ако сакате да ја искусите среќата, тогаш следете ги своите соништа

Сте имале ли некогаш идеја која ви ја буди имагинацијата, ве возбудува и ви ја исполнува секоја клетка во вашето тело со силната светлина на можноста? Можеби тоа е нешто што сакате да го направите или некое место кое сакате да го посетите. Но, доколку заборавите на оваа идеја, таа полека почнува да се замаглува. Она што во моментот кога сте го замислиле изгледало јасно и светло, со изминувањето на времето ќе започне да го апсорбира секој ваш сомнеж и ќе ве натера да помислите дека тоа можеби и не е толку добра идеја. Запомнете, некои работи изгледаат невозможно бидејќи се подалеку од она што го познаваме и на што сме навикнати, но тоа не значи дека не можеме да ги исполниме.

Ако сакате да ја искусите среќата, тогаш следете ги своите соништа

1. Прифатете ги своите сомнежи и продолжете да се обидувате

Се разбира, не е мудро да се обидете да ја остварите секоја мисла која ќе ви прелета низ главата, но вреди сериозно и целосно да се посветите на оние идеи кои успеваат да ви го растреперат срце. Луѓето често се обидуваат да се разубедат себеси, да ги преанализираат и преиспитуваат сите причини зошто нешто може да биде погрешно или правилно, зошто нешто не е правилно и зошто онаа работа што се нарекува „реалност“ може да им застане на патот. Само затоа што вака отсекогаш сте ги правеле работите, не значи дека не можете да направите промена уште веднаш и да изберете нешто поразлично.

2. Бидете својот сопствен суперхерој

Нормално е да си велиме себеси дека нешто не можеме. Дека треба да се откажеме од целта уште пред да почнеме да ја остваруваме. Запрашајте се каков би ви бил животот доколку би одлучиле да исполните некоја луда идеја да го оставите целото ваше постоење зад вас и да тргнете по светот, наместо да отспиете и внимателно да размислите. Кога имате шанса, дозволете им на мислите да го преземат и предводат моментот кој сметате и за кој чувствувате дека е оној вистинскиот. А, доколку ве нападне сомнежот, тогаш сетете се на сите оние искуства кои ќе ги пропуштите и слободата која ќе ја добиете кога ќе го разиграте вашиот авантуристички дух.

3. Бидете доволно храбри да ризикувате и да поверувате во навидум невозможното

Постои тенка линија помеѓу несовесноста, глупавоста, смелоста и авантурата, но животот би бил многу подобар кога би се фокусирале на работите кои ги можеме, наместо на работите кои не ги можеме. Запрашајте се себеси: „Што е најлошото што може да се случи?“. Доколку одговорот е смрт, губење на домот, губење на идентитетот и ред други лични повреди, тогаш логично е дека нема да го преземете ризикот. Но, доколку одговорот е разочарување, предрасуди, неуспех и страв, тогаш впуштете се во авантурата. Продадете ја куќата и патувајте низ светот, ако тоа е нешто што отсекогаш сте посакувале. Дадете отказ на работа и отворете пекара. Искачете се на највисоките светски врвови и посетете ги најегзотичните места. Можеби нема да успеете. Можеби реалноста нема да биде толку убава како сонот. Можеби ќе изгубите пари и време обидувајќи се да ги остварите желбите. Но, можеби тоа ќе биде најдоброто нешто што некогаш ќе го направите.

Никогаш нема да знаете, ако не се обидете. Најважното нешто е да запомните дека ако нешто сакате, тогаш вие тоа и го можете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар