9 знаци дека си ја сакате работата иако не ви изгледа дека е така

Прекрасно е да се биде на работно место кое ви годи и ве тера да го вложите максимумот од себе. Тоа е работа која ве мотивира и го извлекува најдоброто од вас. Ако ја сакате вашата работа значи дека сте вистински среќници. Многумина минуваат низ животот заглавени на работни места кои не им годат.

Работното место може да биде како љубовните врски. Иако знаете дека ја сакате личноста со која сте во врска, може да доживеете периоди кога заборавате колку сте благословени. Исто е со вашата работна позиција. Тоа што сте презафатени и преуморни денес, тоа што денот ви бил стресен, не значи дека не си ја сакате работата. Обрнете внимание на овие 9 знаци кои укажуваат на тоа дека уживате во она што го работите. А, доколку не е така, можеби е паметно да размислите дали сакате да останете на тоа работно место.

9 знаци дека си ја сакате работата иако не ви изгледа дека е така

1. Немате доволно време за да постигнете сè што сакате

Постојано имате работа и готов план за утре. Но, тоа не ве измачува. Може во разговор да се пожалите дека сте до уши во работа, но во суштина знаете дека таа зафатеност ви годи. Често и самите си давате задачи надвор од вашите задолженија за да постигнете повеќе или да придонесете повеќе. Ви се чини дека ви се потребни повеќе од 24 часа дневно за да постигнете сè што сакате, но работата под полна пареа ви годи и длабоко во себе знаете дека не би се откажале од тоа темпо.

2. Знаете кон што целите и вашата цел е видлива

Во моментите на напорна работа со сите тие мали задачи кои ви го преокупираат мозокот, сепак може да земете здив, да запрете за миг и да се потсетите дека имате цел, дека одите кон нешто и со секој миг напорна работа вие сте чекор поблиску до целта. Може во овој момент работата да ви изгледа како да ви ја цица енергијата и бара многу жртви од вас. Но, сè додека можете да ја видите целта, сè додека знаете за што работите и дека вашиот труд ќе се исплати, вие сте на работното место што го сакате.

3. Перфекционисти сте и ве фрустрира тоа што другите не се

Дури и ако по природа не сте перфекционисти, се трудите секоја ваша работна задача да биде изработена до перфекција. Се внесувате во она што го работите и ве нервираат и најмалите нешта кои не се во рамките на нормала. Со оваа ваша навика да ги извршувате задачите до перфекција, станувате нервозни кога гледате дека другите не го прават истото. Сметате дека секогаш нештата може да бидат подобри и гледате да не повторите ни една, макар најмала грешка или пропуст што сте ги направиле.

4. Често зборувате за вашата професија

Секогаш имате добри анегдоти и случки за раскажување, па редовно ги „апдејтувате“ пријателите за време на вечера или кафе-муабет. Кога некој ќе ве праша нешто поврзано со вашата струка односно професија, може да зборувате без престан. Секако, внимавајте да не им здодеете на луѓето, но во секој случај вие имате работа која што ја сакате и со полно срце ја „промовирате“ пред другите.

5. Многу брзо ви минува времето

Ви се чини дека работното време почна пред 5 минути а веќе е пауза за ручек? Вие сте благословени со работно место кое го сакате и работа која уживате да ја правите до толку што времето буквално ви лета.

6. На крајот на секој работен ден може да ја измерите вашата продуктивност

Само еден ден работа а вие сте поблиску до вашата моментална цел. Денес усреќивте многумина, услуживте неколку ваши клиенти, направивте добра промена. Не седите пасивно на работното место чекајќи да дојде време да се вратите дома. На крајот на секој работен ден може да направите листа со ваши придонеси и извршени задачи.

7. Постојано сте инспирирани и инспирирате

Тоа што другите често ве восхитуваат и инспирираат е поради вашата смиреност и исполнетост на работното место што ве прави отворени за нови искуства. Исто така, со вашето навремено доаѓање на работа, позитивата што ја ширите и одговорноста како ваша карактеристика, неретко ги инспирирате и другите. Дали вашиот, претходно пасивен колега изненадувачки се заинтересира откако влезе во вашиот тим? Најверојатно причината е позитивата што ја ширите.

8. Не се исклучувате сосем од работата по завршувањето на работното време

Секако, секогаш треба да направите простор за вашиот живот, но вашиот мозок не се исклучува автоматски по напуштањето на работното место. Додека пиете кафе со пријателите, на пример, ненадејно на ум ви доаѓа брилијантна идеја која наредниот ден на работа ќе ја спроведете во пракса.

9. Не паѓате во депресија во недела навечер

За многумина недела вечер е период рамен на депресија. Но, иако другите негодуваат поради тоа што од другиот ден ќе мора да се вратат на работното место, вие на тоа гледате како можност да се вратите на работа откако сте ги „наполниле батериите“ за време на викендот и сте се посветиле на семејството и домот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар