9 знаци дека пиете премногу вода

Повеќето луѓе пијат многу вода, тоа е навистина добро за нив сè додека не започнат да пијат и повеќе од доволно.

Како е можно да се пие премногу вода?

Диетичарите постојано потсетуваат дека пиењето доволно вода е многу важно за нормално функционирање на организмот. Тоа е така, освен ако не пиете вода повеќе од доволно.

Иако повеќе се внимава на знаците на дехидрираност, прехидрираноста е подеднакво опасна. Пиењето премногу вода може да резултира во интоксикација со вода, позната и како хипонатремија, која предизвикува поплавување на внатрешноста на клетките како резултат на абнормално ниско ниво на натриум во крвта. Во најтешките форми, интоксикацијата со вода може да доведе до здравствени проблеми како што се грчеви во мозокот, кома, па дури и смрт.

9 знаци дека пиете премногу вода

9 знаци дека пиете премногу вода:

1. Никогаш не го напуштате домот без шише вода и постојано имате вода во раката

Доколку го носите вашето шише со вода цел ден со вас и повторно го полните кога е празно, можеби пиете премногу вода. Постојано хидрирање на вашето тело може да резултира со ниско ниво на натриум во крвта, што може да предизвика отекување на сите клетки во вашето тело. Според докторите таа ситуација може да стане особено опасна кога ќе почне да отекува и мозокот. Вашиот мозок може да отече само 8 до 10% пред да допре до черепот и да почне да го притиска мозокот кон надвор.

2. Пиете вода дури и кога не сте жедни

Најдобар начин да дознаете дали на вашето тело навистина му е потребно повеќе вода е да бидете свесни дали навистина се чувствувате жедни. Нашите тела се толку програмирани да се борат против дехидрираноста од која секогаш се плашиме, така што имаме вградено механизми кои нè заштитат од тоа. Еден од овие механизми што го имаат сите животни е жедта. Жедта е индивидуален „монитор“ на секое тело што овозможува да дознаете дали ви е потребно повеќе вода. Колку повеќе вода ви е потребно, толку повеќе жедта ќе се зголемува.

3. Пиете вода сè додека вашата урина не стане бистра

Доколку пиете здрава количина вода, бојата на урината ќе ви биде во боја на слама до бледо жолта боја. Иако повеќето луѓе веруваат дека бистрата урина е здрав знак на хидратација, урината без пигментација може да биде знак дека пиете премногу вода. За повеќето луѓе, 8 до 10 чаши вода на ден се смета за нормална количина. Ова варира во зависност од висината, тежината и навиките за вежбање на секоја личност.

4. Уринирате често, дури и во текот на ноќта

Можеби пиете премногу вода и ако ви се случува често да сте будни во текот на ноќта и имате потреба да одите во тоалет. Според докторите во една клиника во Кливленд, повеќето луѓе уринираат помеѓу 6 и 8 пати на ден. Доколу уринирате повеќе од 10 пати на ден, можеби пиете повеќе вода отколку што му е потребно на вашето тело. Друга причини за ваквата состојба може да биде кофеинот и прекумерно активниот мочен меур. За да спречите ноќно мокрење, пиете ја последната чаша вода неколку часа пред спиење за да им дадете време на бубрезите да ја филтрираат водата низ вашето тело.

5. Чувствувате гадење и може да дојде до повраќање

Симптомите на прехидратација се многу слични како оние на дехидрираност, според докторите. Кога пиете премногу вода, бубрезите не се во можност целосно да се ослободат од вишокот течност и водата почнува да се собира во организмот. Ова може да предизвика голем број на непријатни симптоми, честопати и гадење, повраќање и дијареа.

6. Имате неподносливи главоболки во текот на денот

Главоболките се знак на прехидратација и дехидрираност – слични на гадење, повраќање и дијареа. Кога пиете премногу вода, концентрацијата на сол во крвта се намалува и предизвикува отекување на клетките во органите низ целото тело. Кога концентрација на сол е мала, вашите клетки растат. Кога пиете премногу вода, вашиот мозок всушност расте и го притиска черепот. Овој притисок може да предизвика неподнослива главоболка и посериозни здравствени проблеми како што се нарушена функција на мозокот и проблеми со дишењето.

7. Забележувате оток или безбојност на рацете, усните и стапалата

Во многу случаи на хипонатремија, луѓето доживуваат забележително отекување или обезбојување бојата на рацете, усните и стапалата. Кога сите клетки во вашето тело отекуваат, бојата на вашата кожа ќе започне видливо да избледува. Кај оние кои пијат премногу вода може да дојде до зголемување на тежината поради оток и вишок вода во крвотокот. Доколку пиете повеќе од 10 чаши вода секој ден и ги забележете овие симптоми, намалете го внесот на количина на вода и забележете дали симптомите исчезнуваат.

8. Чувствувате дека мускулите ви се слаби и често се појавуваат мускулни грчеви

За да имате здраво, функционално тело, треба да ја одржувате рамнотежата на целиот организам. Кога пиете премногу вода, нивото на електролити се намалува и рамнотежата е нарушена. Ниското ниво на електролити може да предизвика голем број на непријатни симптоми, вклучувајќи мускулни грчеви и затегнување. Проблемите со мускулите можете да ги спречите доколку замените неколку чаши вода на ден со кокосова вода, која е полна со електролити и е 100% природна.

9. Се чувствувате уморно

Вашите бубрези се одговорни за филтрирање на водата што ја пиете низ вашето тело, затоа бидете сигурни дека нивото на течности во крвотокот е избалансирано. Кога пиете премногу вода, бубрезите треба да работат напорно и со тоа се создава стресна ситуација поради вашите хормони со што вашето тело е под стрес и е уморно. Доколку постојано пиете вода и се чувствувате како да не можете да станете од креветот, можеби им предизвикувате непотребен стрес на бубрезите.

Можеби сакате да дознаете и дали солта го спречува губењето на вишокот килограми?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар