10 причини зошто трчањето е најдобрата терапија за вас

9 причини зошто трчањето е најдобрата терапија за вас

Трчањето е една од најдобрите физички и психолошки терапии за вашиот ум и тело. Тоа влијае позитивно на вашето општо здравје, но и врз вашето емоционално здравје. Па, размислувате да почнете со трчање? Погледнете ги овие 9 причини зошто треба да престанете да размислувате и веднаш да почнете…

9 причини зошто трчањето е најдобрата терапија за вас

1. Трчањето ви овозможува физички да излезете од вашата удобна зона – Колку повеќе се туркате да излезете од вашата физичка удобна зона, толку повеќе ќе можете да го направите истото и со вашиот мозок и емоции. Вие исто така ќе почнете и подобро да размислувате, бидејќи нашите тела се директно поврзани со мозокот, постојано влијаејќи едни на други.

2. Станувате независни – Колку повеќе барате валидација од надворешноста, толку послаб станува вашиот внатрешен глас. Престанете да им дозволувате на другите да ја мерат вашата вредност. Со трчањето вие ќе почнете да учите како да се слушате самите себеси и да го засилите вашиот внатрешен глас.

3. Ќе го промените начинот на кој си зборувате – Ако претходно во вас доминирал критичарот, кој постојано ги нагласувал вашите грешки, со трчањето ќе успеете да разбудите една ваша заспана страна. По некое време ќе забележите дека со поддршката и добрите зборови кои си ги кажувате ќе можете да постигнете многу повеќе отколку со критиките.

4. Ќе запознаете луѓе кои ќе го подобрат вашиот живот – Додека трчате, вие без сомнение ќе налетате и на други луѓе кои вежбаат на отворено. Вашата заедничка цел ќе ве зближи и дур трепнете веќе ќе имате нова група пријатели кои ќе влијаат позитивно и мотивирачки врз вас.

5. Ќе ги надминете ограничувањата кои самите сте си ги поставиле – Со редовното трчање ќе стекнувате сè повеќе кондиција и со тек на време не само што ќе станете побрзи, туку и ќе можете да истрчате подолга рута. Сигурни сме дека на почетокот не сте мислеле дека ќе стигнете до таму. Многу пати, нашите ограничувања се единствените нешта кои нè забавуваат, но доколку го промените вашето размислување, вие ќе го промените и животот.

6. Не мора да знаете што треба да се каже – Најдоброто трчање е она кое поминува во тишина со вашиот пријател. Додека трчате, дури и кога молчите, вашето присуство говори многу. Без вербалната комуникација, се појавува простор за забележување на туѓите физички знаци. Понекогаш со самото ваше присуство вие покажувате поголема поддршка отколку што можете да го направите тоа со зборови.

7. Но, кога знаете, извикајте го тоа – Кога знаете што да кажете, кажете го тоа силно. Зошто трошиме толку енергија во грижењето да не станеме премногу здодевни со нашата претерана поддршка и љубов? Доколку чувствувате позитивни емоции во себе, споделете ги и со другите луѓе.

8. Темпото не е важно – Некои денови ќе бидете побрзи, некои побавни. Но, тоа воопшто не е важно. Потсетете се дека повеќето луѓе се сè уште во кревет и вие веќе се движите побрзо од нив. Станувањето и движењето кон напред се единствените цели за кои треба да се грижите.

9. Земјата е вашето игралиште – Потребно е да бидете повеќе време на отворено за да почнете да го цените градот во кој живеете. Никој не е премногу стар за да излезе и да ужива во едноставното задоволство од самото постоење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар