9 нешта што никогаш не треба да му ги кажете на некого со анксиозност

9 нешта што никогаш не треба да му ги кажете на некого со анксиозност

Оние кои не се соочиле со анксиозност, понекогаш не можат да сфатат како навистина изгледа да се живее со оваа состојба. Повеќето луѓе сметаат дека станува збор само за обична грижа, но анксиозноста е ментално нарушување кое има навистина лошо влијание врз начинот на размислување. Доколку познавате некој со анксиозност, без разлика што намерата ви е најдобра, немојте да му ги кажувате овие нешта.

9 нешта што никогаш не треба да му ги кажете на некого со анксиозност

1. „Драматичен/на си“

Разликата помеѓу некој кој сака драма и некој кој страда од анксиозност е тоа што првиот сака да биде во центарот на вниманието, а вториот неможе да го поднесе тоа.

2. „Не е ништо сериозно“

Верувајте дека е. Можеби вам ви е лесно, но за некои луѓе доволно е еден „крив“ поглед за да почнат да мислат дека згрешиле нешто или дека некој ги мрази. После ова тие ќе почнат да смислуваат милиони причини зошто го добиле погледот. Личноста со анксиозност не сака да го прави ова, но нејзиното нарушување ја тера.

3. „Смири се“

Ова е најлошото нешто што можете да го кажете на некого со анксиозност. Доколку овие луѓе можат да се смират, ќе го направат тоа без да им кажувате.

4. „Сè ќе биде во ред“

Но дали е ова вистина? Можеби имате најдобра намера со оваа изјава, но личноста со анксиозност нема да се чувствува подобро, бидејќи нема ни да ви верува.

5. „Остави го“

Луѓето со анксиозност не можат толку едноставно да заборават некои работи. Тие одново и одново размислуваат за она што го кажале или што го направиле. Едноставно, не можат толку лесно да остават нешто зад нив и да продолжат со животот.

6. „Сè е во твојата глава“

Кога ќе направите некој да се чувствува виновно за неговите ментални реакции, нема да го промените фактот дека тие се реални. Ова само ќе направи личноста да се чувствува полошо, па дури и да се сомнева во своите чувства.

7. „Животот ти изгледа добро, за што има да бидеш анксиозен/на?“

Воопшто не можете да судите нечиј живот според социјалните мрежи. Зад секоја фотографија од одмор, може да постои темен облак со грижи и негативни мисли. Не знаете што се случува во животот на другите, па немојте да судите.

8. „Не ми изгледаш анксиозно“

Луѓето со анксиозност имаат работни места на кои треба да се појават и социјални настани на кои треба да присуствуваат. Тие само научиле како да стават маска за другите да не ја забележат нивната состојба. Само затоа што некој ви изгледа среќно, не значи дека во себе не води вистинска борба.

9. „Премногу се грижиш“

Луѓето со анксиозност се свесни за ова и не мора да го истакнувате. Понекогаш се срамат од ова и сакаат да бидат безгрижни, но некогаш не им успева. Сепак, се обидуваат секој ден.

Погледнете и кои се работите кои вашите пријатели со депресија и анксиозност сакаат да ги разберете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар