6 грешки поради кои се разочарувате во љубовта

Овие работи им се случиле дури и на најсовесните девојки. Едноставно, љубовта ве тера да го гледате светот низ розови очила, па поради тоа правите некои грешки. Погледнете кои се оние поради кои се разочарувате во љубовта.

6 грешки поради кои се разочарувате во љубовта

1. Заборавате на првиот впечаток

Експертите за вербална и невербална комуникација сметаат дека токму во моментот на запознавање со некого, можеме најдобро да ја „почувствуваме“ другата личност бидејќи кон неа немаме никаква емоционална поврзаност. Доколку за време на запознавањето забележите некоја особина или постапка поради која не се чувствувате добро, не заборавајте на тоа. Не дозволувајте вљубеноста да ги избришете овие лоши особини или постапки.

2. Заборавате на себе

Кога знаете кои сте и се сакате онакви какви што сте, тогаш нема да барате потврда за вашата вредност кај партнерот. Немојте да ги заборави вашите интереси, желби и цели кога сте во врска, само за да поминете повеќе време со партнерот. Секогаш најдете време за себе, бидејќи така ќе станете подобра личност и позадоволна жена.

3. Ги одложувате тешките прашања за „вистинскиот момент“

На почетокот на врската, повеќето парови не сакаат да разговараат за сериозни теми, како на пример иднината. Но доколку имате одредени желби или цели, а забележувате дека новиот партнер ја нема истата визија за иднината, добро испитајте го теренот. Експертите сметаат дека не треба да се воздржувате кога станува збор за вакви разговори, без разлика колку е нова врската.

4. Знаете дека не е тоа тоа, но сè уште сте овде

Речиси и да нема жена којашто не го доживеала ова. Знаете дека вашиот партнер не е маж со кој се гледате во иднина, но сепак не ја прекинувате врската. Понекогаш причината е што не сакате да се чувствувате осамено или само затоа што веќе долго време сте заедно. Немојте да го трошите вашето, ниту неговото време. Сепак, ова е еден вид себичност.

5. Се вљубувате во визија, а не во реалноста

Повеќето жени си ја замислуваат иднината со партнерот, без разлика што се на почетокот од врската. Кога ќе запознаете шармантен маж, навистина брзо се вљубувате во самата идеја за љубовта. Тогаш заборавате дека за долготрајната врска потребно е повеќе од хемија, привлечност и страст. Некогаш ви е потребно подолго време да станете свесни што е реалност, а што само ваша фантазија.

6. Имате став „сите се исти“

После тешкото и болно раскинување, сите жени имаа потреба да ги обвинуваат сите мажи за сè лошо што се случило во врската. Но доколку долго не можете да се ослободите од тоа чувство, тоа станува проблем што не ви дозволува да најадете среќа во љубовта. Во новата врска не смеете да влезете со предрасуди, бидејќи тогаш нема да изградите добар однос.

Погледнете и кои се негативните мисли поради кои не можете да најдете љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар